Прескапи секојдневни предмети од најпознатите луксузни брендови

Украс за автомобил од Versace

Овој кадифен украс за автомобил во форма на коцки е дело на Versace и можете да го купите по цена од 255 долари.

preskapi-sekojdnevni-predmeti-od-poznatite-luksuzni-brendovi-08.jpg

Шах од Tiffany & Co.

Шаховската табла на Tiffany & Co. е изработена од сребро и злато, а има дрвена основа. Дури и кутијата во којашто ја продаваат е направена од сребро. Ако сакате ваков шах, ќе треба да платите вртоглави 100.000 долари.

preskapi-sekojdnevni-predmeti-od-poznatite-luksuzni-brendovi-09.jpg

Prada спојувалка

Оваа спојувалка изгледа како и секоја друга, но наводно е наменета за пари. Спојувалката чини 390 долари.

preskapi-sekojdnevni-predmeti-od-poznatite-luksuzni-brendovi-10.jpg

Сад за сапун од Hermes

Ако сакате луксузен детаљ во бањата и имате 480 долари вишок, можете да си купите сад за сапун од брендот Hermes.

preskapi-sekojdnevni-predmeti-od-poznatite-luksuzni-brendovi-11.jpg

Чепкалки за заби од Supreme

Изгледа дека овој бренд ги продава најчудните работи. Чепкалките за заби на Supreme се продаваа по цена од 15 долари за кутија, но исто како тулата, сега можете да ги најдете само на старо, по цена и до 100 евра.

preskapi-sekojdnevni-predmeti-od-poznatite-luksuzni-brendovi-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Готски замок во Трансилванија е како сцена од мрачна бајка (фото) Овој замок во Трансилванија е една од најголемите и најимпресивни градби во Евро...
Идеја од креативна Македонка – како да направите сами држач за велигденски јајца? Креативна Македонка која живее во Холандија со видео постапка покажува како со д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg