Бурџ Халифа во Дубаи и уште 9 највисоки облакодери во светот
Светски трговски центар – 541 метри
Официјалното име на зградата е Еден светски трговски центар и е направена на местото каде што се наоѓаа таканаречените кули близначки во Њујорк, кои беа уништени во 2001-ва. Градбата е дел од комплекс кој го сочинуваат неколку канцелариски згради, како и музеј посветен на нападите од 11-ти септември.
Гуангжу ЦТФ Финансиски центар – 530 метри
Уште еден облакодер од Кина, овојпат во Гуангжу. Зградата е позната и како Источна кула, а изградбата беше завршена во 2016-та година. Облакодерот е висок 530 метри, а има 111 катови, но и уште 5 подземни.
Тијанџин ЦТФ Финансиски центар – 530 метри
Овој кинески облакодер има иста висина како и финансискиот центар во Гуангжу. Иако зградата се наоѓа на седмото место по висина, таа е највисоката зграда во светот со помалку од 100 катови. Изградбата траеше цели 10 години, почнувајќи од 2009-та година.
Кула CITC – 527 метри
Кина дефинитивно е лидер кога станува збор за високи облакодери. И кулата CITC се наоѓа во Кина, односно во Пекинг. Моментално ова е највисока зграда во градот, нејзината изградба започна во 2011-та, а беше завршена во 2018-та.
Тајпеј 101 – 509 метри
Како што кажува името, овој облакодер се наоѓа во Тајпеј и пред изградбата на Бурџ Калифа, важеше за највисоката зграда во светот.
Градбата е висока 509 метри, а во неа се наоѓа еден од најбрзите лифтови во светот, кој се важи со брзина од 60,6 километри на час. Односно, на лифтот му требаат 37 секунди за да стигне од 5-иот до 89-иот кат.
Спирова С. | Црнобело