Бурџ Халифа во Дубаи и уште 9 највисоки облакодери во светот
Пред само неколку децении идејата да се изгради зграда висока неколку стотици метри звучеше како научна фантастика, но сега изгледа е прашање на време пред да се изгради градба висока дури и 1 километар.
Всушност, веќе се прават и планови за изградба на облакодер во Кувајт кој треба да биде висок 1.001 метар. Наводно, изградбата ќе почне во 2023-та, а плановите се да биде завршен до 2030-та.
Моментално највисоката градба во светот е Бурџ Калифа, а во продолжение можете да дознаете кои се останатите највисоки згради во светот:
Бурџ Халифа – 828 метри
Изградбата на огромниот облакодер во Дубаи започна во 2004-та, а заврши во 2009-та година. Зградата е висока 828 метри, има 160 катови и до денес важи за највисоката градба на светот.
Всушност, овој облакодер држи неколку светки рекорди, како зграда со најмногу катови и зграда во која се наоѓа највисокиот кат кој е во употреба.
Шангајска кула – 632 метри
Облакодерот познат како Шангајска кула е висок 632 метри и има 128 катови. Ова е втората највисоката градба во светот, а во неа се наоѓа и еден од најбрзите лифтови, кој се движи со брзина од 20,5 метри во секунда.
Изградбата почна во 2008-ма, а беше завршена во 2013-та. Работата на екстериерот на зградата заврши во 2015-та.
Абраџ ел-Бајт – 601 метар
Оваа зграда се наоѓа во Мека, Саудиска Арабија и е во сопственост на тамошните власти. Со 601 метар, ова е највисоката зграда во Саудиска Арабија, а на неа се наоѓа најголемиот часовник во светот. Во зградата се наоѓа и музеј, кој се протега на четири ката.
Финансиски центар Пинг Ан – 599 метри
Облакодерот познат како Пинг Ан се наоѓа во Шенжен, Кина и има 115 ката. Изградбата започна во 2009-та година, а беше завршена во 2015-та. Најпрво имало план на нејзиниот врв да се постави и 60-метарска антена, така што зградата ќе биде повисока од Шангајската кула. На крај се откажале од оваа идеја бидејќи постоел ризик да им создава проблеми на авионите.
Светска кула Лоте – 555 метри
Кулата наречена Лоте се наоѓа во Сеул, Јужна Кореја, и има висина од 555 метри. Името го добила по групацијата што ја направила – Lotte Group. Поради големината и интересниот дизајн, облакодерот неретко е нарекуван и „Корејски бисер“.