Фотограф трпеливо чека во музеи и ги фотографира посетителите кои „си одговараат“ со изложените слики (фото)
Можеби на многу луѓе им е здодевно во музеј, но не и на овој фотограф.
Стефан Драшан е фотограф од Франција кој направи интересен фото проект насловен „People matching famous paintings“ (Луѓе кои одговараат со познати слики).
Иако на прв поглед изгледа како фотографиите да се „местени“, убавината на проектот е во трпеливоста на Стефан.
Фотографот посетува разни музеи, најмногу во Париз, Виена и Берлин, и трпеливо чека случајни посетители кои ќе застанат пред слика што „одговара“ со нив. Резултатот се уникатни фотографии, со неочекувана хармонија помеѓу луѓето и класичните уметнички дела пред кои стојат.
Најчесто облеката на посетителите одговара со сликата, но понекогаш одговараат и детали како фризура, боја, па дури и брада.
Погледнете дел од неверојатната колекција на Стефан: