Снаодлива жена гради куќички за бездомни животни од тетрапак сокчиња
Тетрапак сокчињата кои најчесто ги купуваме за децата може да бидат големи загадувачи, бидејќи амбалажата им е неразградлива. Но, една жена од Чиле нашла начин како да ги искористи попаметно и притоа да го намали загадувањето на околината.
Костанца решила од нив да прави мали куќички кои ќе ги спасат бездомните животни од надворешните влијанија и ќе им овозможат топол дом, а истовремено и ќе се намали загадувањето на природата од овие картонски амбалажи.
Куќичките тешко пропуштаат дожд и ветар, па се фантастичен начин да им се помогне на животинчињата кои немаат покрив над глава во кризните месеци.
Идеја која секој може да ја примени, ако има само малку волја:
М. Д. | Црнобело