Кино во Швајцарија ги замени црвените седишта со дупли кревети (фото)
Колку пати досега сте сонувале за кино со кревет, наместо обични столчиња? Во Швајцарија сега сонот се остварува.
Од неодамна се отвори сала таканаречена ВИП спална соба со филмско платно, каде на располагање има 11 споени кревети со прекривки и перници.
ВИП билет чини нешто над 40 евра и во него се вклучени храна и пијалаци, додека обичен билет чини 17 евра. Со купувањето на ВИП билет исто така, нема потреба да чекате ред за грицки и пијалаци, туку само да одберете што сакате.
Pathé Schweiz киното нуди и ВИП искуство во друга сала, со спуштени двоседи пернички.
Исто така има и детски дел каде седиштата се заменети со меки вреќи, тобоган и базен од пластични топчиња.
Киното беше отворено на 9-ти мај годинава.
M. Д. | Црнобело