10 паметни еко-пакувања кои се надеваме дека наскоро ќе бидат достапни и кај нас
Пластиката можеби изгледала како одлична идеја кога била измислена во 1860 година. Но, никој во тој временски период не размислувал колку голем еколошки проблем ќе претставува таа поради нејзиното предолго и бавно распаѓање.
Исто така, голем дел од материјалите кои се користат за изработка на пластика содржат отровни хемикалии кои откако ќе дојдат во контакт со храната создаваат потенцијална опасност по здравјето.
Голем дел од компаниите пронајдоа одлични решенија како да ја редуцираат или целосно да ја исфрлат пластиката од употреба, но и да користат што е можно помалку хартија.
Ви претставуваме 10 паметни еко-решенија на производи и се надеваме дека наскоро ќе бидат достапни и реупотребливи и кај нас:
Картонска кутија која воедно е упатство за производот
Чаша за кафе која се јаде
Производи завиткани во листови од банана, наместо хартија
Биоразградливо пакување кое ја штити животната средина
Подлошка за јајца со минимум хартија
Вода во картонски кутии
Биоразградливи пакувања
Шишиња изработени од хартија
Кутии во кои има семиња кои може да се засадат
Реупотребливи силиконски ќеси за складирање кои може да се перат
(О)Милена | Црнобело