Различното е убаво: Кукли направени според ликот на дечињата со абнормалности

Убави се и албино дечињата и дечињата со белези со раѓање и сите уникатни дечиња на светот - проект со прекрасна порака.

razlichnoto-e-ubavo-kukli-napraveni-spored-likot-na-dechinjata-so-abnormalnosti-01.jpg

Различноста се повеќе се цени и тоа нè радува. Луѓето сфатија дека не изгледаат сите како Барби и Кен и дека тоа е сосема во ред.

Различноста е убава и една жена од Висконсин одлучи да го прикаже тоа така што креира кукли според ликот на дечињата.

Ејми, која е поранешен социјален работник на педијатриска онкологија, вели дека идејата ѝ дошла оттаму. Таа практикувала терапија со кукли за да им помогне на дечињата при престојот во болницата.

Притоа сфатила дека сите кукли прикажувале генерализирана идеја за совршенство, убавина и здравје и не го рефлектирале изгледот на дечињата во болницата. Па, одлучила да го промени тоа.

Оттогаш работи куклите да бидат достапни во сите форми, бои, типови на тело, да имаат белези од раѓање, па албино кукли и кукли со други уникатни абнормалности.

Пораката на Ејми е дека „нормалното“ доаѓа во сите големи и облици. Нејзината страница А Doll Like Me е позитивна порака за сите луѓе во светот.

Дел од куклите што ги изработила Ејми:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со најубаво украсен велигденски дом покажува како да направите сами декорација за маса од ... Македонката Бети која живее во Швајцарија, споделува 2 начини на украсување на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg