Какво значење има бојата на новогодишната елка?
Дали и оваа година се одлучивте за традиционалната зелена боја или сепак, во вашиот дом внесовте друга боја на елка, на пример црвена или виолетова?
Многумина воопшто не знаат дека постојат елки во други бои, освен зелена и можеби бела, но всушност има такви кои сакаат уникатност за празниците и се одлучуваат за невообичаена боја.
Сепак, повеќето се оние кои бираат традиционална зелена елка, или можеби менуваат малку со белата.
Но, какво значење има бојата на елката и каква боја најмногу би ви одговарала?
Зелена
Добро влијае при ублажување на стресот од новогодишната треска затоа што таа е боја делува смирувачки. Одлично одговара со црвената и златната боја, кои се доминантни празнични бои.
Бела
Иако не е боја и фенг шуи филозофијата не ја препорачува, сепак белата елка едноставно сама по себе изгледа сјајно и нежно, доколку за нејзиното китење не употребите повеќе од две бои. Една боја би била идеална, на пример црвена или сина.
Црвена
Оваа боја симболизира радост, среќа, уживање, но и страст. Се верува дека штити од негативна енергија и без сомневање може да се каже дека тоа е бојата на Дедо Мраз. Затоа, само напред, комбинирајте ја со зелена и златна боја!
Сина
Оваа боја е симбол на духовноста и нежноста. Како и зелената, делува смирувачки. Убаво одговара во комбинација со сребрената боја.
Виолетова
Оваа боја симболизира верност, љубов и патење. Тоа е и боја на високото благородништво, па елката може да изгледа навистина гламурозно доколку во неа доминира виолетовата боја.
М. П. | Црнобело