Костим за капење со кој безгрижно ќе се бањате на плажа во „оние денови“
Направен е од материјал кој не пропушта, спречува било какви инфекции и бактерии, па веќе нема да се грижите како изгледате на плажа во „оние денови“.
Жените кои не успеале да го истемпираат годишниот одмор, ја знаат маката со менструацијата на плажа.
За среќа, еден британски бренд се покажа како посебно мудар, барем кога е најголемиот женски проблем во прашање.
Нивниот костим за капење е посебен од неколку причини.
Прво, спречува пропуштање, па нема да мора да се грижите и проверувате на секои 5 минути. Второ, брзо се суши и не остануваат дамки. Трето, спречува непријатни мириси, бактерии и било какви инфекции.
Доаѓа во две црни варијанти – како монокини и бикини, а направен е од материјал кој наводно впива течност колку 1 ½ тампон, па со тоа е подобро решение од самите тампони.
Би го облекле за на плажа во „оние денови“?
М. Д. | Црнобело