Скриени симболи во секојдневните предмети и логоа кои ја откриваат генијалноста на дизајнерите
Дали некогаш сте забележале дека во секојдневните предмети или логоа кои ги сретнувате насекаде, постојат скриени симболи?
Дизајнерите понекогаш навистина знаат да се надминат себеси, а овие фотки го докажуваат токму тоа.
Во нивните логоа или знакчиња, тие имаат симболи по што се карактеризира најчесто нивниот производ.
Но, тие се добро прикриени со целокупната слика која ја гледаме, па веројатно никогаш не сте ни забележале дека постои некаква поврзаност.
Погледнете дел од нив:
Скриени шише и капаче во божиќната мечка на Coca Cola
Во носот на мечката се крие шише Coca Cola, а очите ги симболизираат неговите капачиња.
Симболот за USB е инспириран од трозабецот на Нептун
Овој симбол е инспириран од трозабецот кој претставува моќ – па ја означува моќта која кабелот ја има, а различните симболи на краевите претставуваат универзалност.
Бинарни броеви на копчето за вклучување/исклучување
Приказната зад овој симбол е инспирирана од бинарниот систем односно 1 и 0. Нулата значи исклучено, а единицата – вклучено.
Паунот во логото на NBC
Сигурно сте го виделе ова лого, но никогаш не сте забележале дека всушност тоа претставува паун со пердуви.
Паунот се наоѓа во средината, а 6-те пердуви ги означуваат сите 6 поделби на компанијата (во периодот кога логото е креирано). Паунот е свртен настрана и укажува дека компанијата гледа кон иднината. Сепак, имало некоја приказна и во логоата.
Залакот на јаболкото во логото на Apple
Човекот кој го дизајнирал логото, Роб, вели дека било многу едноставно и дека нема некоја посебна логика во него. Тој купил неколку јаболкa, ги ставил во сад и почнал да црта, отстранувајќи ги непотребните детали.
Залакот, пак, е направен за да симболизира дека тоа е јаболко, а не некое друго слично овошје.
Дизајнерот завршил одлична задача, а освен што логото е многу јасно и едноставно, исто така се поклопува и со златниот пресек.
Иглата во Pinterest логото
Идејата на Pinterest е да собирате слики кои ќе ги „пинувате“ (како прикачување со игла), па токму затоа, буквата „P“ е стилизирана за да потсетува на игла за закачување.
Небо и пропелер на логото на BMW
Логото на BMW е инспирирано од кружниот дизајн на ротирачки пропелер. Има и приказна дека деловите во средината го претставуваат пропелерот, а сините – небото.
Исто така, има поврзаност и тоа што боите на логото ги симболизираат боите на знамето на Баварија, од каде што потекнува компанијата.
М. М. | Црнобело