Домашна библиотека, отпорна на земјотреси, по чии полици можете да се качувате (фото)
Во ваков дом сите ваши книги ќе имаат свое почесно место и ќе ви бидат лесно достапни.
Јапонскиот архитект Shinsuke Fujii дизајнираше куќа во чиј склоп има полица за книги отпорна на земјотреси. Куќата се наоѓа во едно соседство во Јокохама, Јапонија и тајната ѝ е во тоа што едниот ѕид ѝ е навален.
Тој од горе до долу претставува огромна библиотека за книги по чии полици можете да се качувате како нa скала и да ја дофатите која сакате книга.
Исто така, придобивка од навалениот ѕид е што книгите нема да испаднат при земјотреси, кои се секојдневие во Јапонија.
Дрвената структура, која се капе во дневната светлина што ја пропуштаат големите прозорци во дневната соба, изгледа одлично и е навистина практична.
Ѕирнете во овој креативен јапонски дом, совршен за сите вљубеници во книгите:
С. С. | Црнобело