Кошула отпорна на дамки, принтер за палачинки: 10 изуми кои наскоро ќе го променат светот
Цевка што филтрира вода
Цевката што филтрира вода LifeStraw отстранува 99.9% од бактериите и 96.2% од вирусите.
Совршена е за луѓето што живеат во земји во развој и немаат пристап до чиста вода, но и за авантуристички настроените патници.
Пакување што ја менува бојата ако продуктот внатре е расипан
Компанијата Braskem во соработка со повеќе научници откри пластика која може да ја менува бојата во зависност од pH нивното на продуктот во неа.
Сега секогаш ќе знаете дали млекото е свежо.
„Паметен“ капут
„Паметниот“ капут Smart Parka е сон за тие кои постојано ги губат ракавиците. Во него тие, заедно со шалот и капата, се интегрирани во неговите бројни џебови.
Исто така, има низа гаџети, меѓу кои и еден што ќе ви помогне да си го пронајдете капутот ако ви го украдат.
Кошула отпорна на дамки
Fooxmet е кошула отпорна на дамки, направена од хидрофобен памучен материјал, кој го пропушта воздухот, но ги сопира течностите како вода или кечап и со тоа на неа не остануваат дамки.
Добра работа е што никогаш не треба да ја пеглате, затоа што тешко може да се истутка.
Чистач за уши кој остава 0 нечистотии
EarScope е совршен изум за луѓето луди по хигиена. Тој чисти со неверојатна прецизност и на тешко достапни места во вашите уши.
С. С. | Црнобело