Кошула отпорна на дамки, принтер за палачинки: 10 изуми кои наскоро ќе го променат светот
Замислете кошула која е отпорна на кечап и мајонез, а притоа не мора да ја пеглате... Совршено звучи, зарем не?
Денес дел од секојдневието ни се работи, кои пред 5 години воопшто не ни постоеле.
Технолошкиот развој се движи со брзина на светлината, па некои изуми изгледаат како да се дојдени директно од иднината.
Ако влезат во употреба овие изуми дефинитивно ќе го променат светот:
Чаша што ја претвора водата во вино
Научници од Сингапур измислија чаша која може да го промени вкусот и бојата на пијалакот што го ставате во неа.
Оваа чаша прави „виртуелен коктел“. Таа е поврзана со мобилна апликација, која ви дозволува да ги контролирате состојките во течноста.
„Паметни“ очила
Има многу кул работи кај „паметните“ очила Vue. Тие можат да прават повици, да пренесуваат музика, да бидат навигатор, да бројат калории итн.
Најдобрата работа е што имаат опција „пронајди ги моите очила“ и веќе нема да минувате часови во потрага по вашите очила во домот.
Четка за заби која сама ги чисти забите
Оваа четка за заби ја завршува својата работа сама и тоа за само 10 секунди. Ја ставате во устата и ја поврзувате преку направа со блутут за вашиот мобилен телефон.
Черга со вграден аларм
Ruggie е черга со вграден аларм е совршена за оние кои не можат да станат со нормален будилник.
За да се исклучи алармот вие мора со двете стапала да застанете на неа 3 секунди, а ова е доволно време за вашиот мозок да се справи со хоророт на станување и започнување на денот.
Принтер за палачинки
Принтерот за палачинки PancakeBot може да направи палачинки во која било форма, од цвет, па до лик од анимиран филм.
Децата може да нацртаат како сакаат да изгледаат нивните палачинки и потоа да гледаат како принтерот го приготвува нивниот појадок.