30 тетоважи за оние на кои животот им е исполнет со патувања
Луѓето кои си го исполнуваат животот со патувања, а пасошот со печати, најчесто земаат по нешто од секое место што го чуваат во домот како спомен.
Некои се опседнати со собирање парички од различни валути, други собираат магнети од прекрасните градови и споменици кои ги ставаат на фрижидер, трети пак, го исполнуваат ѕидот со фотки од патувањата.
Но, постојат и такви, кои на уникатен начин ја „запечатуваат“ љубовта кон патувањето или пак, работата поврзана со патување, и се одлучуваат за тетоважа на своето тело.
Од печати во пасош и мини авиони, до цели мапи и кординати од местата кои ги воодушевиле – постојат стотици идеи за тетоважа.
Инспирирајте се со некоја од овие 30 идеи во кои сигурно ќе се заљубат оние кои се „зависни“ од патувања:
М. М. | Црнобело