15 секојдневни предмети кои биле дизајнирани со друга намена
Многу од предметите кои секојдневно ги употребуваме биле пронајдени за сосема поинаква намена од онаа којашто ја имаат денес. Дали сте знаеле дека дрвените закачалки биле изработени со цел да ги бркаат молците поради силниот мирис на кедровото дрво?
Ако некогаш сте се запрашале зошто помеѓу влакната на вашата четка за заби има и дополнителни сини влакненца, време е да откриете која била првичната намена на овие 15 секојдневни и навидум обични предмети:
Кружните копчиња на капачињата за топли пијалаци за носење
Вообичаено овие копчиња служеле за да се провери дали пијалакот е изладен. Кога копчето ќе се спушти тоа значи дека пијалакот е ладен. Денес на копчињата го пишува името на пијалокот којшто е внатре и со тоа може лесно да го најдете вашиот пијалак без да го отворате капачето.
Дрвените закачалки за алишта
Сигурно сте се запрашале зошто сѐ уште имаме дрвени закачалки покрај сите пластични и метални на пазарот. Причината за ова е што закачалките за алишта изработени од кедрово дрво содржат природни масла коишто ги бркаат молците, а со тоа ги чуваат вашите алишта.
Рамниот дел што ги спојува кинеските стапчиња за јадење
Повеќето луѓе веруваат дека ова спојување е направено за да бидете сигурни дека никој претходно не ги користел истите стапчиња. Сепак, ова спојување е од практични причини и овозможува сигурност дека машините во фабриките нема да спакуваат само едно стапче по грешка.
Сините влакненца на четката за миење заби
Влакненцата во боја на четките за заби не служат само за да бидат тие шарени и да изгледаат поразлично. Ако забележите дека сините влакненца почнуваат да ја губат бојата, тоа е сигурен знак дека треба да ја смените четкичката.
Очилата за сонце
Уште во 12 век во Кина се користеле очилата за сонце, но нивната улога не била да се заштитат очите од сонцето. Овие очила ги носеле судиите за време на судењето за да не се забележат нивните емоции додека трае процесот.
Фризби
Студентите на универзитетот Јејл во слободно време се забавувале со наптревари во мавање со пити. Овие пити биле произведени од компанијата Фризби, а популарноста на името била толку голема што производителот и изумителот на летечките чинии решил името да го стави и на неговиот производ.
Бренди
Пијалaкот во формата којашто ја знаеме денес се појавил во 12 век. Оригинално, методот за дестилација на вино бил користен за да се овозможи полесен транспорт и чување на виното.
Откако ќе се транспортирал дестилатот до крајниот корисник, во него се додавало вода и повторно се конзумирал како вино. Меѓутоа, бидејќи се чувал во дрвени буриња се случило дестилатот којшто имал улога само како производ за полесен транспорт да стане подобар и од самото вино и така настанало брендито.