15 секојдневни предмети кои биле дизајнирани со друга намена
Фолија со воздушни перничиња
Денес оваа фолија се користи за заштита на кршливи предмети, но во 1957 година била измислена како резултат на обидите да се произведе нов материјал за ѕидни тапети кои може лесно да се чистат. Подоцна компанијата ИБМ препорачала овој материјал да се користи при пакувањето на нивните компјутери.
Перница
Перницата била измислена со цел да спречи инсекти да влегуваат во носот, устата или ушите на корисникот. Старите Кинези користеле цврсти перници бидејќи верувале дека меките ја црпат енергијата од телото. Африканците верувале дека ако спиеш на перница ќе можеш во сонот да комуницираш со предците. Во Европа мажите скоро никогаш не користеле перници, бидејќи тие биле сметани за симбол на слабост.
Маичка по кратки ракави
За време на Втората Светска Војна маичките по кратки ракави биле користени како долна облека. Во тоа време да се прошетате со маичка по кратки ракави во јавен превоз, било исто како да сте голи, без облека на себе.
Овој стереотип за маичките го разбил Марлон Брандо во 1951 година во филмот „Трамвајот наречен Желба“. Така со тек на време маичката со кратки ракави доби статус на горна облека.
Лента за трчање
Претходникот на лентата за трчање бил измислен во 1818 година со цел казнување на затвореници (затворениците се држеле за прачки, а нозете им биле на скалници коишто се вртеле), а целта им била да се користат за мелење жито во затворите.
Веб-камера
Првата веб-камера се појавила во 1991 година и прикажувала апарат за правење кафе. На Универзитетот Кембриџ машината за правење кафе на тимот научници била на различен кат од нивните канцеларии.
За да не мораат да искачуваат цел еден кат само за да проверат дали има кафе, ја поврзале веб-камерата со компјутер на којшто се прикажувала нова слика три пати на секоја минута.
Кесичка за чај
Измислена била случајно во 1904 година. Чајот во тоа време се продавал во големи канти, а еден од продавачите решил да почне да го пакува во мали пакувања од мали свилени вреќички. Угостителите во Њујорк брзо забвележале дека чајот многу лесно и практично може да се приготви без да се вади од овие мали пакувања.
Фиџет спинер
Спинерот стана популарна играчка во 2017 година, но овие направи се оригинално измислени во 1993 година. Нивната креаторка ги измислила за да ги занимава децата кои правеле белји, а сега се користат како алатка за намалување на стресот.
Чевли закачени на жици од бандери
Има неколку верувања што всушност симболизира закачувањето на пар чевли на жиците од бандерата:
- Учениците на овој начин го прославуваат крајот на школската година, а војниците крајот на воениот рок.
- Некои луѓе веруваат дека закачените чевли може да се најдат некому во иднина, односно на духот на покојникот кога ќе се врати на земјата.
- Закачените чевли често означуваат граница за маалските банди.
- Во Њујорк и Лос Анџелес местата на кои се закачени обувките како и нивната боја, означуваат места каде се продава дрога и кој вид на дрога се продава таму.
- Порано крадците ги полнеле чевлите со тешки предмети, за кога ќе се закачат на жицата да ја скинат и диспечерите да не можат да известат за криминалот којшто се извршува.
(О)Милена | Црнобело