7 фасцинантни дизајни кои го прават животот поубав
Технологијата и нејзиниот развој не запира, а со овие 7 изуми достигнува ново ниво кое го разубавува обичното секојдневие.
Некои се футуристички, некои се само за задоволство, додека трети имаат моќ да спасат живот.
1. Инстант машина која прави пиво
Nespresso beer е сонот на секој пивопиец. Има 2 модели - од 5 и 10 литри.
2. Патики кои сами се врзуваат
Баш како во Back to the Future, Nike ја реализираше магијата.
3. Куфер - скутер
Куфер во кој си ги носите сите неопходни работи и скутер кој може да си го возите низ аеродромот додека чекате.
4. Топла закачалка која ги пегла блузите
Само закачете ја блузата или кошулата и избегнете го здодевното пеглање. Закачалката ја врши работата место вас.
5. Робот кој се грижи за здравјето
Овој робот наречен Pillo ви дава апчиња кога треба да ги испиете, но и ви одговара на здравствените прашања кои ги имате.
6. Маицата која може да спаси живот
Обичната маица за пливање е одлична за не многу искусните пливачи. Има сензори кои откриваат кога телото е потопено во вода и има потреба од помош.
7. Заштитна кацига на дување
Идеално за велосипедисти. Се носи како шал на вратот и се дува за само неколку секунди, доколку сте во опасност.
М. Д. | Црнобело