Зошто оваа паста за заби има дупка?
Како би го подобриле дизајнот на обична туба паста за заби? Не постојат многу опции, нели?
Но, 5 студенти од „Dankook University“ во Јужна Кореја сепак го прифатиле предизвикот, правејќи кружна дупка на дното од тубата.
Целта е да се истисне производот до последната капка, без нималку губење на пастата.
Како функционира изумот? Само протнете го прстот низ отворот и завртете ја пастата со голема брзина. Центрифугалната сила ќе ја истурка пастата надолу низ отворот, со цел полесно да го истиснете производот.
Иако звучи и изгледа интересно, а можноста да си ја поставите пастата за заби на закачалка делува примамливо, сепак мора да се согласиме дека и нормалното стискање на пастата е прилично ефективно, нели?
(О)Милена | Црнобело