Супер перниче за спиење во авион (видео)
Долгите патувања знаат да бидат особено напорни, па честопати се обидуваме да отспиеме барем дел од патувањето за да ја надоместиме изгубената енергија.
Сепак, заспивањето во авион, автобус или воз може да биде навистина тешко, бидејќи седечката положба едноставно не е погодна за спиење.
Многумина сигурно се здобиле со помали удари во главата поради тоа што со самото движење на превозното средство, се движи и нашето тело, па доколку главата не ни е убаво потпрена, таа станува мета на удар.
Но, сега нештата стануваат сосема поинакви благодарение на револуционерниот дизајн на ова перниче за патување кое е мултифункционално и можете да го поставите во положбата која вам најмногу ви одговара.
Разните положби во кои тоа може да се постави го прават одличен пријател за сите ваши патувања.
Деновите на напорни патувања без сон се веќе минато и отсега можете да планирате нови авантури и нови походи со вашиот нов пријател под вашата глава.
М. С. | Црнобело