Уметникот кој креира неверојатни ремек-дела само со светлина
Стивен Кнап е американски уметник чии дела се сметаат за уникатна уметност на 21 век.
Тој е еден од малата група уметници кои работат со светлина и прават да го видиме она што на прв поглед изгледа како најобичен сноп светлина.
Започнувајќи ја својата кариера како фотограф, уште од самите почетоци бил маѓепсан од светлината и сето она кое може да се направи со неа.
Неговите уникатни уметнички дела се изработуваат со помош на посебно стакло обложено со метална обвивка која има улога на селективна призма и ја разделува фокусираната светлина во различни бранови должини од спектарот.
Живописноста на боите и магијата кое секое негово дело ги носи со себе ќе ве воодушеват и ќе ви покажат дека природата потпомогната од човекот може да ги создаде најубавите бои кои некогаш сте ги виделе...
М. С. | Црнобело