Новото лого на Инстаграм ја поттикна креативноста на корисниците
Велат дека секоја промена е тешка, но по лавината коментари и негодувања поради ненадејното менување на логото на нашата омилена апликација за уредување на фотките, изгледа дека корисниците конечно си „легнаа на брашното“.
Тие не само што се помирија со новиот изглед на Инста-логото, туку почнаа да создаваат и мали уметнички дела инспирирани од неговите бои и формата.
Новото Инстаграм лого го содржи сиот колорит на виножитото, а кога ќе додадете цветни ливчиња или стаклени монистра во мешавината, добивате поинаква интерпретација на заштитниот знак.
Некои решија да ја поддржат новината преку креативен маникир и шминка, други со бонбончиња во боја, трети го извадија приборот за сликање...
Едно е сигурно, и покрај промената, ретко кој се откажа од најомилената апликација за фотки.
(О)Милена | Црнобело