8 начини и трикови како секогаш да правите беспрекорни фотографии
Колку пати досега сте се запрашале која е тајната на добрите фотографии? Зошто вие никогаш не можете да направите беспрекорна фотка? Зошто секогаш е матна, несразмерна и непривлечна за окото?
Не треба да учите од професионалец или да плаќате часови, доволни ви се само 10 совети и трикови со чија помош конечно ќе правите беспрекорни фотки од секој настан и патување.
1. Рамка
Користете ја околината за да го врамите објектот кој го сликате. Не мора рамките да бидат од сите четири страни, тоа може да биде раб од прозор, врата или дрво. Плус, запаметете дека рамката не треба да доминира на фотографијата.
2. Движење
Ако фотографирате нешто или некој во движење, оддалечете се и оставете повеќе простор пред човекот кој се движи. На тој начин фотографијата ќе биде подинамична.
3. Насока
Мозокот ги прима информациите од лево кон десно, па затоа секогаш најдобро е важните работи да ги позиционирате на десната страна од фотографијата.
4. Негативен простор
Научете дека секоја фотографија има два дела – позитивен и негативен простор. Позитивниот простор обично е главниот субјект, а негативниот е позадината. Никогаш не игнорирајте што се случува во позадината и гледајте таа да не го засенува предметот или човекот кој е во фокусот.
5. Длабочина
Додадете длабочина и тродимензионален поглед така што ќе сликате паралелни линии од далечината или ќе си поиграте со маглата и слоевите. Внимавајте на бојата, имајте на ум дека потемните објекти секогаш изгледаат како да се поблиску, а посветлите како да се подалеку.
6. Преднина
Додека ја сликате далечината, не заборавајте да додадете објект или човек на самиот почеток на сликата. На тој начин човекот кој ја гледа сликата се чувствува како да е присутен во глетката.
7. Сенки и рефлексија
Користете ги овие елементи за да ги направите фотографиите подраматични. Секогаш можете да го користите визуелниот дијалог помеѓу субјектот и неговата рефлексија.
8. Златниот период и синиот период
Во светот на професионалните фотографи, златниот период е периодот кратко по изгревањето или заоѓањето на сонцето, кога боите се најмеки и топли.
Синиот период пак трае 20-30 минути секое утро пред изгревањето на сонцето и исто толку време по зајдисонцето. Тогаш што и да фотографирате има син, мистичен сјај.
М. Д. | Црнобело