Ѕвездено небо во капела од 16 век
Кога ќе споите нешто старо 500 години, изградено во 16 век, со најновата и најнапредна технологија во поглед на осветлувањето, добивате совршенство кое ги негува сите сетила.
Добивате чувство како да сте под отворено небо, а ѕвездите ви се на дофат на раката.
Ова е тоа што уметникот Мигуел Шевалје успеал да го направи од „King’s College Chapel“ за добротворен настан одржан под покровителство на Универзитетот од Кембриџ.
Секоја од проекциите, осмислена до совршенство, истакнува или сокрива дел од извонредната архитектура на капелата, на начин кој прави да се чувствувате како да сте отпатувале во една сосема нова димензија.
Изборот на капелата не е случаен, имајќи го предвид фактот дека таа е еден од најдобрите примероци за вертикална готска архитектура низ светот, а нејзините раскошни украси вреди да се видат дури и пред да послужат како основа за проекциите на Шевалје.
М. С. | Црнобело