Кампување под ѕвездено небо
Една компанија од Велика Британија нуди голем број на шатори од различни облици и големини за оние кои се авантуристички расположени и сакаат неверојатен одмор на локации кои ниту еден хотел или апартман нема да ви ги овозможи.
Овие шатори дизајнирани се од страна на Алекс Смит и во нив може да собере 6 луѓе, а се така направени да можете да ги поставите каде и да посакате - можете да се навратите на детството и да си направите мини куќарка на дрво или нешто далеку повозбудливо.
Ако веќе сте на море или езеро, можете да спиете и над вода.
Во секој случај, она што можете да го добиете од овие шатори едно неверојатно уникатно кампување кое ќе ги задоволи вашите потреби за мала авантура под ѕвезденото небо.
Би можело да ве интересира:

