Чекор по чекор: Направете ги најубавите есенски декорации
Ако чувствувате дека му е потребна промена на вашиот дом, почнете од деталите. Не само што се наједноставен начин за веднаш да го разубавите просторот, туку со додавање ситни детали низ домот ќе заштедите и пари за реновирање.
Есента е идеално време за да внесете боја во својот дом.
Доколку немате идеја, погледнете некои од интересните предлози со есенски декорации.
1. Ваза со цвеќе
За оваа ваза потребни ви се обични тегли, спреј во црвена или портокалова боја, коноп и вештачко цвеќе. Теглите испрскајте ги така што боите ќе се прелеваат, оставете ги да се исушат и намотајте го конопот околу нив. Врзете машничка и на крај ставете цвеќе по ваш избор.
2. Есенска кошница
За овој интересен аранжман не е потребно да користите бои, туку доволно е да имате една кошница со средна големина, вештачки листови и различни есенски украси како тиквички и шишарки. Многу е едноставен, а ефективен аранжман кои децата посебно го сакаат.
3. Есенски свеќник
За овој пресладок есенски свеќник потребно ви е лепило, стаклен сад, вештачки листови и коноп. На чинијата залепете ги листовите, заврзете ги со конопот и на крај ставете ја внатре свеќата.
4. Шарен кафез
Уште еден интересен аранжман можете да направите така што ќе го наполните малиот кафез за птици со различни есенски мотиви. Може да користите вештачки листови, шишарки и тикви, а вие можете да го наполните со што сакате.
5. Црна тиква
Тиквите се во тренд, особено црните. За оваа интересна декорација потребен ви е спреј во црна боја и бел маркер. Кај оваа декорација интересно е тоа што можете да напишете што сакате или да оставите некому порака.
Погледнете го видеото за да видите како да ги направите овие декорации: