Каква секси долна облека сакаат хороскопските знаци?

kakva-seksi-dolna-obleka-sakaat-horoskopskite-znaci-02.jpg

Вага

Со Вагите владее Венера па жените секогаш ќе одберат нешто лудо и секси за долна облека. Црвената, жолтата и сината им се омилени бои, но сакаат да носат и златна долна облека, платформи, мрежести чорапи, подвезици и проѕирна долна облека.

Скорпија

Скорпиите се многу секси по природа и сакаат кожа, винил и пластика. Омилена боја им е црната. Паѓаат на фетиш опрема, како што се кучешки огрлици, јапонска опрема за врзување и синџири, а сакаат и тесни и високи чизми.

Стрелец

Жените Стрелци обожуваат корсети и сексапилот што им го даваат долгите ракавици, чизми и долна облека со многу копчиња. Многу сакаат кадифени ткаенини. Виолетовата, црвената и зелената им се омилени бои.

Јарец

Јарецот е многу чувствителен знак и смета дека памукот е многу сензуален и секси. Високо квалитетна ноќница му е исклучително секси, па дури и ако е закопчана до грло. Ќе ги возбуди и светкава облека. Многу жени родени во овој знак сакаат да носат мрежести чорапи и танга, сатенски градници и гаќички во розева, сина или жолта боја.

Водолија

Овој визионерски знак сака исклучително тесна долна облека од футуристички и сјајни материјали. Светло црвената и темно виолетовата се нивни омилени бои, а пердувите и маските, свилените траки и шалови им се омилени додатоци. Многу ги возбудуваат викторијански кожни чизми и женствени ракавици без прсти.

Риби

Рибите не се толку живи и диви сексуално, но многу сакаат памучни ноќници со розеви или сини траки, како и ноќници од ликра со цветни шари. Обожуваат штикли. На машките Риби ќе им се допадне жена која носи машка долна облека или преголема машка маица за спиење. Ги возбудува и изгледот на невина студентка, но не можат да одолеат ниту на секси подвезици и најлон чорапи во комбинација со вратоврска или пеперутка.



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Мрачен хороскоп: Во кои знаци се раѓаат најмногу сериски убијци? На листата сериски убијци родени во знакот на Скорпија има седум имиња, а меѓу н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg