Како се однесува секој хороскопски знак кога потајно ве мрази?

Додека Лавовите ќе ве игнорираат, Скорпиите ќе ви даваат саркастични комплименти – како се однесуваат хороскопските знаци кога потајно мразат некого?

kako-se-odnesuva-sekoj-horoskopski-znak-koga-potajno-ve-mrazi-01.jpg

Сосема нормално е да има личности што не ни се допаѓаат. Не мора да значи дека ги мразиме овие личности, но барем ги презираме и сигурно не би сакале да минуваме време со нив.

Повеќето луѓе нема да го признаат ова, но иако се преправаат дека немаат проблем со некоја личност, а можеби дури и пробуваат да бидат фини со неа, некои ситници во нивното однесување ги издаваат.

Како се однесуваат хороскопските знаци кога потајно мразат некого?

Овен

Овните се постојано зафатени – имаат состаноци, излегуваат со пријатели, шетаат…

И покрај бројните обврски, тие секогаш наоѓаат време за луѓето што ги сакаат.

Па, ако потајно ве мразат, кога ќе посакате да ги видите, Овните само ќе ви речат дека се зафатени.

Ако побарате објаснување, ќе ви кажат дека имаат други планови и толку.

Бик

Биковите се затворени личности и им веруваат само на луѓето кои вистински ги сакаат.

Ова значи дека ги споделуваат нивните мисли и емоции само со нив.

Кога потајно мразат некого, Биковите ќе го наведат да ги сподели своите мисли и чувства, но самите нема да откријат ништо за себе.

На овој начин, Биковите се штитат од личноста што ја мразат, но и „се ситат“ ако сфатат дека нивниот живот е многу подобар.

Близнаци

Близнаците сакаат да се социјализираат, но само со луѓе за кои сметаат дека се вредни за нивното време.

Што значи, лесно можете да познаете дали некој Близнак ве мрази – ќе ја сведе комуникацијата со вас на минимум.

Кога ќе му кажете нешто, нема ни да проба да се надоврзе и ќе најде начин да го заврши разговорот што е можно побрзо.

Рак

Раковите имаат тесен круг пријатели и ретко кога дозволуваат во овој круг да влезе и некој друг.

Тие речиси и да не разговараат со луѓе кои не ги сметаат за многу блиски пријатели, па дури и да ве мразат, нема ни да забележите.

Лав

Добро познат факт е дека Лавовите сакаат да се во центарот на вниманието, а истовремено и тие посветуваат голем дел од нивното внимание на личности кои ги сакаат.

Доколку некој Лав ве мрази, тој нема отворено да ви го каже тоа – дури и ќе ве кани на неговите забави. Но, штом ќе стигнете таму, нема да ве удостои со неговото внимание и ќе се однесува како да не ве познава.

Девица

Не постои погрижлив знак во зодијакот од Девицата.

Овие луѓе сакаат да им помагаат на пријателите и неретко ја преземаат улогата на нивен терапевт.

Од друга страна, тие ја користат оваа нивна репутација за да им наштетат на луѓето што ги мразат.

Односно, ќе настојуваат да им дадат што е можно полоши совети.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg