5 хороскопски знаци кои се однесуваат ладнокрвно само од страв да не бидат повредени
Покрај Овните и Водолиите, кои други хороскопски знаци делуваат ладнокрвно, но во реалноста го прават ова за да се заштитат од повредување?
Некои хороскопски знаци навистина изгледаат незаинтересирано, дури ни за нивниот партнер. Но, повеќето не го прават ова од ладнокрвност.
Тие, едноставно, биле повредени многупати претходно, па со овој пристап само пробуваат да се заштитат.
Пет хороскопски знаци кои спаѓаат овде:
Овен
Овните делуваат како да се безгрижни, но во реалноста се многу чувствителни и скоро сè сфаќаат премногу лично.
Обично нивните критики и незаинтересираност се тактика за криење на вистинските емоции. Тие не сакаат да другите да сфатат дека се емотивни и можат да заплачат за најмалата ситница.
Кога Овните се вљубени, нивната љубов е безусловна, па можат да бидат многу повеќе повредени од останатите знаци.
А, токму поради ова, даваат сè од себе за да изгледаат ладнокрвно.
Бик
Во поголемиот дел од времето, Биковите изгледаат како сериозни личности кои не се фокусираат многу на нивните чувства.
Тие никогаш нема да откријат како навистина се чувствуваат бидејќи имаат сериозни проблеми со довербата.
Претходно многупати биле повредувани и од пријатели, и од партнери, па сега сакаат да се заштитат.
Биковите имаат огромно срце и добра природа – карактеристики што ретко кој ги гледа.
Сепак, штом некој ќе заслужи, дефинитивно ќе ја види и оваа страна на Биковите.
Девица
Девиците неретко сами си ги саботираат врските бидејќи не сакаат да изгледаат „слабо“ или да му дадат можност на некој да ги повреди.
Тие не се вљубуваат лесно, но штом ќе се вљубат, дури и малите промени во однесувањето на партнерот ќе ги натераат да мислат на најлошото.
Девиците се плашат дека ќе бидат напуштени, а токму овој страв им ги уништува врските.
Овие луѓе се подготвени да направат сè за да бидат со личноста што ја сакат, но никогаш нема да го признаат тоа.
Скорпија
Скорпиите имаат лоша репутација кога станува збор за љубов – многумина ги сметаат за ладнокрвни.
Но, штом Скорпијата ќе се приврзе за една личност, таа личност ѝ станува најважното нешто.
Што значи, оваа личност многу лесно може да ги повреди.
Поради ова, Скорпиите го даваат најдоброто од себе за воопшто да не се вљубат. Некогаш дури и ги кријат своите чувства за да имаат поголема контрола.
Водолија
Скоро сите ги гледаат Водолиите како ладнокрвни и незаинтересирани личности.
Сепак, без разлика колку си ја сакаат слободата, и Водолиите сонуваат за стабилна врска со една личност.
Ако некој ги повреди, Водолиите без двоумење го отстрануваат од нивниот живот, без никакво објаснување. А, одовде потекнува и туѓата перцепција за нив.
Но, тие го прават ова за да си ја намалат болката, но и за да ја скријат од другите.
Спирова С. | Црнобело