Рангирање на хороскопските знаци од најдобри до најлоши љубовни партнери (Бикот е претпоследен)
Место број 2 Овен - Овенот не се откажува лесно од предизвик, возбуден е кога треба да воодушеви некого и да се труди околу освојувањето на нечие срце.
Кој хороскопски знак е најупорен и најдобар љубовник, а кој е последен на листата?
Што велат ѕвездите на оваа тема?
Рангирање на хороскопските знаци од најдобри до најлоши љубовни партнери:
1. Лав
Кога Лавот сака некој, тогаш тој успева да го добие. Не се откажува лесно, посветен е и подготвен да вложи напор и да покаже љубов кога некого вистински сака.
2. Овен
Овенот не се откажува лесно од предизвик, возбуден е кога треба да воодушеви некого и да се труди околу освојувањето на нечие срце.
Лесно може да се појави со билети за кино на вашата врата или да ве покани на романтично патување.
3. Риби
Тие се непоправливи романтичари, ја ставаат љубовта на прво место и воопшто не се мислат дали јавно да ја демонстрираат.
Полни се со нежност и знаат како да освојат личност.
4. Близнаци
Ако од некого ви се затресат колената во животот, тогаш голема е веројатноста тоа да биде од Близнаците.
Тие се непредвидливи, сакаат авантури и ќе зјапаат во вашите очите сè додека не паднете на нивниот шарм.
5. Стрелец
Спонтаноста им е препознатлива особина, па со нив подгответе се за забава.
Тие никогаш не се задоволуваат со просечност и рутина, секогаш бараат нова авантура и со нив во врска никогаш нема да ви биде здодевно.
6. Скорпија
Ако сте подготвени да се откажете од контролата врз текот на работите, тогаш со Скорпијата ќе имате незаборавна авантура полна страст.
И запомнете дека ако Скорпијата ве стави во фокус, тогаш нема да се откаже сè додека не ве освои.