Една секс поза што секој хороскопски знак треба да ја проба барем еднаш во животот (18+)

Владетел на Лавовите е Сонцето и тоа се гледа во нивниот карактер. Најчесто тие се смели личности што сакаат секогаш да бидат во центарот на вниманието. Која секс поза мора да ја пробаат барем еднаш во животот?

seks-horoskop-01.jpg

Секој хороскопски знак има по некоја секс поза што му е омилена, а постојат и секс пози што мора барем еднаш да ги пробаат затоа што одговараат на нивните карактерни особини.

Која секс поза треба да ја проба секој хороскопски знак барем еднаш во животот?

Овен – орален секс

Овенот е огнен хороскопски знак, што знае како да ја наметне сопствената доминантна страна и енергија, па честопати им се случува да ја прескокнат долгата предигра.

Сите пози на орален секс во кои Овенот може да доминира со партнерот брзо ќе им станат омилени на претставниците на овој хороскопски знак и затоа е пожелно, барем еднаш во животот да ги пробаат.

За жените тоа е позата со седење на лицето на партнерот, а за мажите позата „69“ во која тој е горе.

koja-seks-poza-sekoj-horoskopski-znak-da-ja-proba-barem-ednash-vo-zhivotot-i-zoshto-02.jpg

Бик – „лажичка“

Како најсензитивен хороскопски знак Биковите сакаат да се чувствуваат удобно и комфорно, па познато е дека сакаат и долго да се подготвуваат за интимниот чин.

Мирисливи свеќи, соодветна постелнина, добра музика… Биковите внимаваат на секој детаљ и сакаат сексот да биде незаборавно искуство што трае долго.

Токму затоа секс позата „лажичка“ е меѓу оние што мора да ги пробаат.

koja-seks-poza-sekoj-horoskopski-znak-da-ja-proba-barem-ednash-vo-zhivotot-i-zoshto-03.jpg

Близнаци – „октопод“

Комуникативни и отворени, Близнаците се познати по тоа што сакаат секогаш да пробаат нешто ново со партнерот и да откријат некоја нова секс поза и техника.

Секс позата „октопод“ ќе им овозможи да ја задоволат нивната потреба сексот да биде игра во која ќе може истовремено да го истражуваат телото на партнерот.

koja-seks-poza-sekoj-horoskopski-znak-da-ja-proba-barem-ednash-vo-zhivotot-i-zoshto-09.jpg

Рак – секс под туш

Ракот е воден знак кого го водат емоциите и тие ги сакаат сите мигови во кои можат да му покажат на партнерот дека се грижат за него, да разменуваат нежности и отворено да ги покажат сопствените емоции.

За Раковите сексот е интимен чин во кој сакаат да уживаат и да им дозволат на емоциите да ги водат, а сексот под туш или во када ќе им овозможи да уживаат во незаборавни моменти во нивната „природна“ средина.

koja-seks-poza-sekoj-horoskopski-znak-da-ja-proba-barem-ednash-vo-zhivotot-i-zoshto-12.jpg

Лав – „каубојка“

Владетел на Лавовите е Сонцето и тоа се гледа во нивниот карактер.

Најчесто тие се смели личности што сакаат секогаш да бидат во центарот на вниманието.

Секс позата „каубојка“ е одлична за нив затоа што на жените им овозможува да го покажат своето тело и да уживаат во интимниот чин, а на мажите да ја докажат сопствената издржливост и самодоверба.

koja-seks-poza-sekoj-horoskopski-znak-da-ja-proba-barem-ednash-vo-zhivotot-i-zoshto-05.jpg

Девица – „исправен змеј“

Секогаш организирани, ефикасни и перфекционисти. Тие внимаваат и на најситните детали и секогаш сакаат да ги држат под контрола сите случувања околу нив.

Но, кога станува збор за интимните мигови тие сакаат да им се препуштат на страстите па секс позата „исправен змеј“ им го овозможува тоа.

koja-seks-poza-sekoj-horoskopski-znak-da-ja-proba-barem-ednash-vo-zhivotot-i-zoshto-08.jpg

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg