Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои хороскопски знаци го потсетуваат партнерот на грешките од минатото во секоја расправија?

Скорпиите вообичаено не сакаат да се расправаат и да се караат. Ќе останат смирени сѐ додека не почувствуваат дека некој директно ги напаѓа, а во тој момент како главно оружје за одбрана ќе ги искористат грешките на партнерот од минатото.

nikogash-ne-zaboravaat-koi-horoskopski-znaci-vo-sekoja-raspravija-go-potsetuvaat-partnerot-na-greshkite-od-minatoto-01.jpg

Постојат голем број луѓе што не можат да простат за грешките од минатото и најчесто кога се расправате ве потсетуваат за тоа како сте ги изневериле и сте ги повредиле.

Според астрологијата, претставниците на одредени хороскопски знаци имаат поголема склоност да го прават тоа во однос на другите.

Така луѓето родени во овие четири хороскопски знаци честопати ги користат вашите грешки од минатото за да ве потсетат дека ниту вие не сте безгрешни и тоа најчесто во ситуациите кога знаат дека не се во право и дека треба да се извинат.

Кои хороскопски знаци најчесто одат во контра-напад така што ве потсетуваат на старите грешки?

Овен

Дури и кога се во хармонични врски, Овните секогаш се подготвени за расправија и секогаш имаат подготвени стратегии за контра-напад во нивниот арсенал.

Според Овните нападот е најдобра одбрана, па така кога ќе се најдат во таква ситуација најчесто се користат со грешките на партнерот од минатото.

Се надеваат дека на овој начин ќе предизвикаат грижа на совест кај него, ќе го казнат и ќе го натераат да се откаже од расправијата.

Бик

Кога се вљубени, Биковите даваат сѐ од себе, но ако нивниот партнер се обиде да ги надмудри во расправија, претставниците на овој знак ќе направат сѐ за да извојуваат победа.

Вообичаено се тврдоглави и тешко признаваат дека згрешиле, па за да не се соочуат со обвинувања, имаат тенденција да го потсетуваат партнерот на неговите грешки.

Тешко простуваат за тоа што партнерот ги повредил и најчесто минатите грешки ги користат за да му вратат на партнерот во моментите кога чувствуваат дека ја губат битката.

Девица

Девиците не ја губат главата ниту кога се во врска. Во односот со партнерот се мошне логични и реалистични.

Најчесто ги чуваат сопствените емоции и избегнуваат да дискутираат за нив, но ако се најдат среде расправија, тие ќе ги искористат грешките од минатото за да го надмудрат партнерот.

Тие веруваат дека ако му нанесат болка на партнерот така што ќе го потсетат на минатото, секако ќе излезат како победници во кавгата.

Скорпија

Скорпиите вообичаено не сакаат да се расправаат и да се караат.

Ќе останат смирени сѐ додека не почувствуваат дека некој директно ги напаѓа, а во тој момент како главно оружје за одбрана ќе ги искористат грешките на партнерот од минатото.

Иако најчесто ќе ви велат дека ви простиле за сѐ што се случило во минатото, кога ќе почувствуваат дека се загрозени, нема да ги бираат средствата со кои ќе се одбранат.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg