Годишен хороскоп за 2023: Девица
Девици 2023-та ќе биде убава за вас, но сепак ќе има многу предизвикувачки ситуации, кои ќе ве натераат да растете како личност. На моменти нема да треба да се борите, туку само ќе треба да избегнувате нешто. Саркастичните коментари може да ви се вратат како бумеранг и да ве прогонуваат. Задржете ја добрата смисла за хумор и вашата љубовна врска ќе цвета во 2023-та.
Промените речиси секогаш се тешки, но и прават да растеме. Во 2023-та ќе имате многу промени околу домот и работното место.
Ќе се ослободите од работите кои повеќе за вас не функционираат и ќе бидете подготвени за нови возбудливи почетоци. Бидете особено внимателни со документацијата и легалните работи.
Почетокот од месец јануари ќе ви биде вистински ролеркостер. На моменти ќе се чувствувате збунето, ќе сакате да се издигнете над некоја ситуација и ќе сакате да влезете во чевлите на некоја друга личност.
Но, ќе преовлада вашиот оптимизам и енергија и со задоволство луѓето, од најмлади до најстари, ќе го минуваат времето со вас. Ќе ви биде на ум дека децата не остануваат деца предолго, па затоа секој слободен миг ќе им го посветите на нив.
Исто така, ќе работите на зајакнување на старите пријателства, кои извесен период ги запоставивте.
Избегнете преостро критикување на луѓето околу вас. Саркастичните коментари може да ви се вратат како бумеранг и да ве прогонуваат.
Работа и финансии
Ќе надминете некоја фрустрација на професионален план. Слободно побарајте помош кога ви е потребно.
2023-та ќе биде убава за вас, но сепак ќе има многу предизвикувачки ситуации, кои ќе ве натераат да растете како личност. На моменти нема да треба да се борите за нешто, само ќе треба да избегнувате нешто.
Особено непотребно е губење на време за банални работи, како и обидување да го контролирате сечиј пристап кон работата. Не можете да ги контролирате животите на другите и престанете да се борите за моќ врз нив.
Ќе имате конфликти и директни судири и во ред е да се држите до своите верувања и ставови, но не е во ред по секоја цена да им ги наметнувате на другите, иако сметате дека тоа е во нивен најдобар интерес.
Најстресен период ќе ви бидат есенските месеци, додека најисполнети ќе ви летните месеци.
Кога станува збор за финансиите, во 2023-та нема да имате проблем со тоа, ќе спиете мирно, ако продолжите со доброто планирање на буџетот, како што вие умеете.
Исто така, некој постар член од семејството ќе биде навистина дарежлив кон вас.
Можно е да се занимавате и со реновирање и препродавање на стари куќи.
Сепак главен фокус нема да ви бидат финансиите, туку откривање на нови интереси и истражување на вашиот интелектуален капацитет. Ќе имате можности за надградба на поле образование.
Нема да сакате долги и бескорисни состаноци, туку ќе сакате имплементирање на нови методи на работа.
Ќе знаете кога е потребно дипломатски да пристапите кон некои прашања.
Некој ќе сака да се конфронтира со вас и да ви ја тестира издржливоста, но вие сте свесни дека единствено што може да ви застане на патот е стравот, па нема да се предадете, дури и при закани.
Љубов
Задржете ја добрата смисла за хумор и вашата љубовна врска ќе цвета во 2023-та.
Нормално, во љубовта ќе има и позитивни и негативни случувања.
Позитивно ќе биде тоа што во љубовната врска ќе ја имате посакуваната слобода и независност, ќе можете да експериментирате и да си ја градите врската и поврзаноста со партнерот преку разни заеднички авантури.
Ќе имате романтични средби, возбудливи патувања, но и заеднички дружби со луѓе кои се неконвенционални според вас.
Негативно ќе биде тоа што вашата врска најверојатно нема да биде крунисана со брак годинава или со посветеност каква што посакувате, туку темпото ќе ѝ биде лежерно. Партнерот исто така ќе сака слобода и личен простор за раст и развој.
Исто така ќе бидете опсипувани со внимание од разни додворувачи и тоа може да доведе до нестабилност во врската. Едноставно такви сте – сакате да експериментирате.
Дури и Девиците кои се во брак можно е да имаат мала криза, затоа што ќе чувствуваат дека неопходна им е промена и нова доза на возбуда во односот.
Девиците кои се сингл ќе уживаат во таквиот начин на живот и ќе си приредуваат разни мали задоволство и во најнеочекуваниот миг ќе се појави личност, која ќе се обиде да ги освои на секој можен начин.
Има шанса да се вљубите во личност од друга култура или религија и во име на таа врска да ги погазите сите „правила“ до кои се држевте претходно.
Отворени сте за нови љубовни искуства и ќе ги пронајдете на неочекувани места, а дури и јога студиото и фитнес центарот ќе бидат можност за тоа.
Можно е да бидете и повредени, но за миг ќе ги соберете парчињата од себе и ќе почнете одново. Свесни сте дека тоа е дел од процесот.
Во 2023-та љубовта ќе ви биде поважна од пријателствата и ќе се држите до квалитетот на пријателите, а не квантитетот.
Најважно е да слушате внимателно и да носите одлуки заедно со саканите луѓе од вашата околина, а не со своеглав и егоцентричен пристап.
Здравје
Проблемите со здравјето годинава ќе бидат „благодарение“ на бесот во вас. Ако успеете да се справите со него, тогаш ќе бидете во одлична состојба.
Најдобар начин за справување со бесот е да броите до 10 пред секоја реакција и да си најдете издувен вентил, односно некакво хоби.
Се разбира, клучно е секогаш да одвојувате време за себе и да се храните здраво.
Исто така, ако внимавате на ова и во односот со партнерот, тогаш ќе се заштитите од многу непотребни главоболки и тоа комплетно позитивно ќе ви влијае на менталната состојба.
Правете ги редовните прегледи и осигурајте се дека ги земате потребните витамини и суплементи. Можни се проблеми со очите и несоница, но брзо ќе успеете да го средите и тоа.
Престојот во природа гледајте го како лек и не притискајте се себеси до крајни граници при сите процеси што ги водите.
Редовното вежбање ќе ви помогне со несоницата, но и со подобрување на целокупната здравствена состојба.
фото: depositphotos.com