4-те најматеријалистички хороскопски знаци (обожаваат луксузен животен стил)
Бик - Тие се фасцинирани од луксузот и убавите работи, па сакаат да го имаат во секојдневието. Сакаат комфор и за тоа би направиле, и потрошиле, сè. Лав - Тие веруваат дека инвестирањето во квалитетни и скапи работи е исплатливо на долг рок.
Сите луѓе сакаат животен стил во кој ќе можат да си дозволат сè што сакаат, но некои хороскопски знаци се опседнати со ова повеќе од другите. Кои се тие?
Хороскопски знаци кои обожаваат луксуз:
Водолија
Не можат да се контролираат кога станува збор за трошење пари на екстравагантни работи и секогаш сакаат нешто, ново, тренди и раскошно.
Инвестираат во неверојатни уметнички дела и сакаат убави работи кои им будат восхит.
Риби
Тие се креативни луѓе кои многу сонуваат, па се стремат да купуваат работи за кои си фантазираат во умот.
Шопингот им е одреден тип на терапија и начин да се разгалат себеси. Вистински шопингхоличари се и не им е мака дури и кога ќе претераат со трошењето на пари.
Лав
Тие веруваат дека инвестирањето во квалитетни и скапи работи е исплатливо на долг рок.
Па, така инвестираат во најнови технолошки уреди, но и во парчиња што ќе направат да се истакнат од толпата.
Бик
Тие се фасцинирани од луксузот и убавите работи, па сакаат да го имаат во секојдневието. Сакаат комфор и за тоа би направиле, и потрошиле, сè.
Не размислуваат двапати кога станува збор за ракување со парите. Работат напорно за да си дозволат сè што ќе посакаат.
С. С. | Црнобело