Каков пресврт го очекува секој хороскопски знак во наредните 3 месеци, заради затемнувањето на Сонцето?
Вага
Затемнувањето на Сонцето може да го наруши вашиот мир.
Веројатно ќе треба да откажете дел од плановите поради некоја личност, но со искрен разговор би требало да најдете решение.
Ако периодов размислувате да се преселите или да направите големи промени во домот, ќе треба да почекате. Чекањето ќе се покаже како предизвик, но на крај трпеливоста ќе се исплати.
Скорпија
Следните три месеци се особено важни за вас, но имајте на ум дека големите настани ќе имаат влијание врз вашето ниво на енергија.
Ќе сакате да си го подобрите животот, па ќе барате начин да го направите тоа.
Добро размислете за сите ваши опции, почнете да правите планови и ако вистински се трудите, наскоро ќе направите огромна позитивна промена во вашиот живот.
Стрелец
Следните три месеци можат да бидат тешки за вас. Најверојатно ќе ставите крај на некои долги пријателства за кои сте свесни дека повеќе не ви се корист.
Ќе ги воочите вистинските намери на луѓе на коишто сте им верувале, па ќе мора да ги отстраните од вашиот живот.
Целиот период ќе ви изгледа хаотичен и на мигови ќе бидете тажни, но не заборавајте дека сето ова е за ваше добро.
Некои луѓе, едноставно, не заслужуваат да бидат во вашиот живот.
Јарец
Изминативе година-две сте престанале да контактирате со многу блиски личности, и тоа од разни причини.
Ова се луѓе кои до денес ви се драги, па сега конечно ќе соберете храброст да го обновите контактот со нив.
Истовремено, стапете во контакт и со луѓето кои ви се од корист на професионално поле и наредните три месеци сами создадете си можности за успех.
Водолија
По неколку месеци осаменост, почнувате да ги подобрувате вештините за комуникација.
Затемнувањето има најголемо влијание врз вашиот социјален живот, што значи дека следните три месеци се одличен период да создадете нови пријателства, но и да го обновите старите.
Искористете го поволниот период и подобрете си го животот.
Риби
Ова затемнување има влијание врз вашиот духовен развој, па ве очекуваат три месеци исполнети со предизвици.
Иако вие сте флексибилна личност која сака да избегнува конфликти, за ваше добро, сега ќе мора да поставите граници во односот со другите и да се држите до вашите верувања.
Ќе ви биде тешко да се навикнете на овој нов пристап кон другите, но набрзо ќе сфатите дека токму ова му годи на вашиот духовен и емотивен развој.
Спирова С. | Црнобело