Една работа која го „издава“ секој хороскопски знак што изневерува

shto-gi-izdava-horoskopskite-znaci-deka-izneveruvaat-koj-kje-ve-ignorira-a-koj-kje-go-krie-telefonot-02.jpg

Вага

Секогаш знаат што да направат за партнерот да се чувствува посебно – секогаш знаат што треба да кажат и како да направат партнерот да се чувствува ценето, па заради тоа важат за хороскопски знаци со најдолготрајни романтични врски.

Од друга страна, кога ќе забележите дека партнерот во знак Вага веќе не води сметка за вашите емоции, ве исмева или постојано ви упатува критики, тоа може да биде знак дека се обидува да ви го сврти вниманието за да не забележите дека ве изневерува.

Скорпија

Мошне се мистериозни и на прв поглед изгледаат застрашувачки, но откако ќе ги запознаете со текот на времето ја запознавате и нивната емотивна страна.

На Скорпиите им е потребно долго време за да изградат доверба и во целост да му се отворат на партнерот, па со него ги споделуваат сите детали од секојдневниот живот.

Ако одеднаш забележите дека вашиот партнер во знакот Скорпија веќе не ги споделува сите детали со вас, нема време за разговор и не ви бара совет тоа значи дека најверојатно воспоставил таков однос со некоја друга личност.

Стрелец

Секогаш се подготвени за добра забава и обожаваат спонтани и непланирани авантури. Кога ќе најдат партнер со кого можат да ги споделуваат овие свои особини, за нив тоа е најголемата авантура.

Очекувајте дека нивните социјални мрежи ќе бидат преполнети со фотографии од сите места што заедно сте ги посетиле.

Во оној миг кога ќе престанат да ги споделуваат вашите заеднички фотографии, без разлика дали се направени на некое патување или во домашна атмосфера, тоа значи дека се обидуваат да скријат дека се во врска.

Јарец

За Јарците љубовта е инвестиција што треба да им се исплати во иднина. Иако ова не звучи романтично, за нив тоа е најреалистичен начин за да изградат живот со некого.

Ако Јарецот е вљубен во вас, тој е подготвен да ви го подари светот и нема да се штеди.

Сепак, ако забележите дека не сака заедно да размислувате за иднината, да купите стан заедно или да ги делите финансиите тоа е сигурен знак дека нешто не е во ред.

Можно е веќе да размислуваат како да ве откачат и да „инвестираат“ во иднината со некој друг.

Водолија

Водолиите сакаат да го поминуваат времето со пријателите.

Кога ќе се вљубат тие веднаш го запознаваат партнерот со сите пријатели и сакаат да се чувствувате како дел од друштвото.

Можете да бидете сигурни дека додека сте во врска, Водолиите ќе ви бидат најдобри пријатели и очекуваат да бидете некаде излезени со нивните пријатели.

Но, во оној миг кога ќе почнат да инсистираат дека е време да почнат да излегуваат сами или да бидат само со пријателите, тоа е знак дека развиваат пријателство со некој друг.

Риби

Рибите се љубезни и чувствителни и не се плашат да го отворат срцето и да разговараат со партнерот за своите фантазии.

Познати се по тоа што често користат слатки прекари за личноста што ја сакаат и ќе направат сѐ за нивниот партнер да знае дека е сакан.

Во моментот кога ќе престанете да ја чувствувате нивната топлина и искреност, тоа е прв знак дека треба да бидете загрижени.

Најверојатно веќе нашле некој друг со кого ги споделуваат своите тајни.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се „очајни“ за љубов – Кој се плаши да биде сингл? Раковите не можат да си замислат да бидат сингл, додека за Јарците љубовта не е ...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg