Љубовен хороскоп за октомври 2022: Овни – флерт со личност со сомнителен морал, Водолии – романтично патување
Вага
Ако сте во врска:
Убаво би било месецот да го започнете со сериозен разговор со партнерот за тоа што ви внесуваше напнатост во врската во изминатиот период и да се потрудите да го решите тоа. Клучно е да ја подобрите комуникацијата.
Во втората половина од месецот ќе добиете можност за некое патување или за некој многу забавен настан и ќе запознаете некој пар со кој дружбите во иднина ќе ви бидат вистинско задоволство.
Ако сте слободни:
На почетокот од месецот ќе бидете мотивирани да излегувате повеќе, откако подолг период минавте повлечени. Некоја нова симпатија ќе ви ја засили желбата за забави и дружби.
Можноста да влезете во врска како да ќе ви се слизне низ прсти. Но, не грижете се, вие совршено знаете како да си поминете одлични и само со себе.
Скорпија
Ако сте во врска:
На виделина ќе се појават работи кои долго ги криевте од партнерот. Можно е некој флерт од минатото скапо да ве чини, а дури да доведе и до крај на врската.
Во втората половина ако успеете да ја спасите врската, посветете повеќе време на интимните мигови со партнерот, за да ги заборавите лошите мигови. Мора да се посветите попродуктивно да го минувате заедничкото време.
Ако сте слободни:
Ќе добиете понуда за врска од личност која не е слободна и веднаш ќе сфатите дека таа личност не ја заслужува вашата доверба воопшто.
Дадете ѝ шанса на личност која кон вас настапува со добрина и ведрина и не сака само да ве изманипулира и искористи.
Стрелец
Ако сте во врска:
Со партнерот конечно успешно ќе се договорите околу некои работи. Ќе имате динамична и забавна комуникација, а вашиот однос ќе биде поискрен од кога било.
Поканете го на романтичен состанок како некогаш или изненадете го со некој подарок кој одамна го посакува.
Ако сте слободни:
Месецов ќе излегувате почесто со цел да бидете поблиску до личноста што ви се допаѓа. На моменти ќе бидете несигурно, но ќе соберете сила и храброст да ѝ пристапите.
Со некоја постара личност од семејството конечно ќе надминете некое несогласување и ќе послушате нејзин совет на поле љубов, што многу ќе ви помогне.
Јарец
Ако сте во врска:
Ќе бидете преоптоварени со обврски на работа и околу домот и тоа ќе доведе до кавги со партнерот. Многу тешко ќе пронаоѓате компромис и дури ќе се колебате дали вашата врска треба да продолжи.
Дополнително е што ќе флертувате со личност од работа, па тоа уште повеќе ќе ги замрси односите. Седнете сами дома и со мирна глава размислете каде и со кого се гледате во иднина.
Ако сте слободни:
Почетокот на месецот ќе ви донесе променливи емоции кон одредена личност и на моменти ќе сакате врска со неа, а на моменти ќе сметате дека таа е најлошото нешто што ви се случило во животот.
Ќе ви недостига некој од минатото, па можно е да направите повик на најнеочекуваното место.
Водолија
Ако сте во врска:
Со саканата личност ќе бидете поблиски од кога било и можно е да појдете заедно на некое романтично патување. Ќе бидете исполнети со задоволство и врската ќе ви биде постабилна од кога било.
Ќе имате тон нови теми за разговори поради вашето ново хоби или поради некој нов заеднички работен проект.
Ако сте слободни:
На почетокот од месецот ќе запознаете личност која неверојатно ќе ве привлече со силниот карактер, идеите и огнот кој го носи во себе.
Но, за жал кон крајот на месецот ќе сфатите дека таа личност не е таква каква што се претставува и дека има тон тајни. Ако се сакате себеси, ќе се откажете од неа.
Риби
Ако сте во врска:
Конечно ќе му се посветите на партнерот и на вашата љубовна врска, по бурниот период на поле кариера, ќе се сетите дека некој ве чека и дома. Заблагодарете му се за трпението.
Ќе има убава енергија во вашата врска и двајцата ќе се чувствувате ценето. Конечно бродоломите ќе останат зад вас.
Ако сте слободни:
Ќе бидете подготвени да остварите контакт со некоја личност која одамна ви се допаѓа, но со која годините и животот ве разделија. Овојпат ќе настапите самоуверено и тоа ќе има ефект врз нејзиниот впечаток за вас.
Ќе ставите точка на некој однос во кој служите само како забава за некого, кога нема што да прави, и тоа ќе ви биде најдобрата одлука што сте ја донеле во последно време.
С. С. | Црнобело