Хороскопски знаци што ги прогонуваат поранешните партнери (и не им дозволуваат да почнат нови врски)

Овие хороскопски знаци имаат тенденција да останат приврзани за поранешните партнери, заради тоа се обидуваат да му ги уништат сите идни врски.

horoskopski-znaci-shto-gi-progonuvaat-poraneshnite-partneri-i-ne-im-dozvoluvaat-da-pochnat-novi-vrski-01.jpg

Припадниците на овие хороскопски знаци најчесто не можат да се помират со фактот дека нивниот поранешен партнер продолжил понатаму и повторно е среќен, па во знак на одмазда подготвени се да направат сѐ за да му ги уништат идните врски.

За кои хороскопски знаци станува збор?

Скорпија

Сите имаме по некои детали од минатите врски од кои се срамиме, а Скорпиите никогаш не забораваат.

Ако се најдат во ситуација на поранешни партнери, тие ќе се одмаздат така што сите минати „гревови“ и грешки ќе му ги соопштат на вашиот иден партнер, а очекувајте дека притоа нема да ги скријат ниту најинтимните детали со цел да ве засрамат.

Риби

Рибите многу тешко се ослободуваат од минатото и затоа тешко ги забораваат старите љубови.

Често се случува долго време по завршување на врската да се чувствуваат повредено и не можат да прифатат дека нивниот поранешен партнер сака да продолжи понатаму.

Кога се чувствуваат повредено, може да почнат на поранешниот партнер да му праќаат долги мејлови и пораки во кои ќе му „се истурат“ и ќе му кажат како се чувствуваат.

Стрелец

Ако забележат дека партнерот сака да ја прекине врската веднаш ќе му раскинат, затоа што сметаат дека е подобро тие да удрат корпа отколку да ја добијат.

Заради ова често се случува да имаат неразрешени чувства кон поранешниот партнер, затоа што ставиле крај пред да добијат објаснување.

Затоа, се случува често да ги прогонуваат поранешните партнери и да не им дозволуваат да започнат нова врска.

Рак

Раковите лесно се приврзуваат и многу тешко ги забораваат поранешните партнери.

Ако забележат дека поранешниот партнер има нова љубов, може да се случи да стапат во контакт со неа и да ѝ објаснат зошто не треба да се гледа со него.

Одат до тој степен што дури може да ѝ ги доверат и своите најдлабоки чувства надевајќи се дека ќе поттикнат сожалување и на тој начин ќе се помират со поранешната љубов.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
5 хороскопски знаци кои имаат тежина во душата по секоја кавга Знаете кога во народните приказни ќе кажат „имам жаба на душата“? Епа таков тип ...
3 хороскопски знаци кои ќе ја пронајдат љубовта во есен 2024 Јарец: Ќе ја пронајдете стабилноста и љубовта за која одамна копнеевте. Оваа есе...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg