Вежбајте според хороскопот
Вага
Вагата е одговорна за долниот дел на грбот и бубрезите. Вежбите кои го одржуваат долниот дел од грбот силен ќе му помогнат на овој знак, бидејќи ги има сите предиспозиции за добивање на пивски стомак. Вагите треба да се држат и подалеку од алкохолот, цигарите и рафинираната храна и шеќер, затоа што тие им штетат на бубрезите. Консумацијата на голема количина вода им помага на Вагите да останат здрави и да изгубат некој килограм.
Скорпија
Скорпијата управува со гениталиите и хормоните. Ако жената во знак на Скорпија ја зголемува тежината, треба да се консултира со доктор и да ја провери причината за тоа. Играњето и трчањето се идеални тренинзи.
Стрелец
Овој знак владее со црниот дроб и колковите. Повременото чистење на црниот дроб ќе му помогне на организмот на Стрелецот подобро да функционира. Стрелецот би требало да прави вежби кои не ги оптоваруваат премногу колковите, како што се фитнес во вода и пливање, а треба да избегнува и агресивни вежби на степер.
Јарец
Јарецот управува со коските и зглобовите, особено со колената. Затоа најдобро би било припадниците на овој знак да избегнуваат вежби во кои многу се скока. За нив идеален избор е јогата или пливањето. Јарците треба да изградат цврста мускулатура. Често им недостасуваат минерали, па треба да земаат додатоци за да ја одржуваат количината во телото. Треба да избегнуваат диети.
Водолија
Водолиите управуваат со зглобовите. Една од незгодните страни на припадниците од овој знак е склоноста кон дебелеење. Затоа, важно е да пијат доволна количина зелен чај. На овој знак му се потребни и многу аеробни вежби за да одржат здрави срцето и артериите. За согорување на калориите се препорачува трчање, џогирање и возење велосипед.
Риби
Часовите по играње се идеален начин за топење на килограмите. Бидејќи се работи за воден знак, одличен ефект ќе се постигне и со пливање и воден аеробик. Рибите се многу емоционален знак, па се случува да се прејадат кога се лути. Идеална исхрана за овој знак е внесување на многу незаситени маснотии. Додатоци во исхраната кои содржат омега 3 и омега 6 масни киселини можат да помогнат во намалување на килограмите.