Еден ризик што би требало да го преземете во животот, според хороскопскиот знак
Вага
Конечно ставете ја тетоважата која одамна ја посакувате или потстрижете или обојте ја косата во некоја луда боја.
Престанете да ги прашувате сите околу нивното мислење. Ако тоа е нешто што вие го сакате, тогаш така треба и да направите.
Скорпија
Ризикувајте на тој начин што ќе правите нешто сосема сами. Излезете сами на вечера. Гледајте сами филм во кино. Патувајте во друга земја.
Дружете се со себе наместо постојано да ги влечете другите со себе каде и да одите. Ќе се запознаете себеси на најдобар можен начин, а можете да склопите и неверојатни пријателства по патот.
Стрелец
Преземете ризик со трошење пари на нешто што долго време сте го посакувале, а не сте сакале да се расфрлате.
Одете во луксузен ресторан, купете скапо вино или некое скапо парче облека или накит. Дозволете си да се расфрлате одвреме-навреме, за да се чувствувате како вистински да живеете, а не само да постоите.
Јарец
Преземете ризици дозволувајќи им на другите да ја видат вашата креативна страна. Разумни сте и генерално одржувате „ладна“ глава, па не сте навикнати да ги пуштате емоциите да излезат на виделина.
Но, тоа мора да се промени. Покажете ја вашата уметничка страна, нешто што сте го напишале или насликале. Нека светот види различни страни од вас.
Водолија
Преземете ризик обидувајќи се да го претворите вашето хоби во вистинска професија. Посветете му се на тоа од сè срце и некој дефинитивно ќе го препознае вашиот труд и талент. На овој начин ќе го споите убавото и корисното, заработувајќи пари од нешто во кое уживате.
Риби
Обидете се во екстремни спортови. Скокајте од авион со падобран, пробајте банџи скокање или пливајте во ледена вода. Не дозволувајте вашите стравови да ве кочат.
Живејте го својот живот додека сè уште имате време.
(О)Милена | Црнобело