Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каква девојка сте (во љубовните врски), според хороскопот

Риби - Вие сте девојка со „стара душа“, цените добра храна, класични филмови, убави книги, уметност и интелигентни разговори. Привлекувате постари мажи, затоа што тие ја гледаат созреаноста во вас. Не се задоволувате со некој кој има интерес само за спорт и гејмање.

kakva-devojka-ste-vo-ljubovnite-vrski-spored-horoskopot-01.jpg

Дали сте девојка која партнерот го опсипува со емоции и го става на пиедестал или пак сте девојка која сака живот авантура и брзо се заситува во врските?

Какви сте во љубовните врски?

Каква девојка сте, според хороскопот:

Овен

Авантуристична девојка, активна, бестрашна, која е на моменти напорна за мажите кои се флегматични и само сакаат да лежат дома. Не се плашите од љубовта и влегувате со полн интензитет во врските.

Бик

Вие сте девојка која е тешко некој да ја освои, најубаво ви е сами со себе и тешко се отворате. Не сакате да си го губите времето или да покажете емоции пред некој кој не се потрудил доволно за да го заслужи тоа.

Близнаци

Вие сте страсна девојка која луѓето ја гледаат со воодушевување затоа што покажувате возбуда за многу работи во животот. Со партнерот креирате живот во кој нема ниту еден здодевен миг.

kakva-devojka-ste-vo-ljubovnite-vrski-spored-horoskopot-03.jpg

Рак

Вие сте девојка полна со љубов и поддршка, никој не знае што е безусловна љубов сè додека не стапи во врска со припадничка од овој знак. Правите сè што е во ваша моќ за партнерот да се чувствува сакано и во наредната врска на сите ваши партнери им е тешко затоа што никој не ги разгалува како вие.

Лав

Вие сте девојка која постојано дели компименти затоа што сакате убава енергија, но сакате и вам да ви биде кажано дека сте посакувана. Имате многу барања и тешко е човек да биде во врска со вас, но токму тоа ја зголемува возбудата. Љубопитни сте и информирани за сè.

Девица

Вие сте стабилна девојка на која партнерот може да смета за сè. Кога некој си замислува партнерка со која би сакал да остари, ве замислува вас. Вие знаете како треба во животот, не сте драматични, одлично раководите со финансиите и знаете како да се носите со проблемите.

Уште 6 знаци на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Во една реченица: Зошто бегате од љубов, според хороскопскиот знак? Јарци, оптоварени сте со толку многу обврски, што мислите дека не би имале време...
Хороскоп за Денот на вљубените: Во каква состојба сте на љубовен план, според вашиот знак? Лав: Љубовниот живот во реалноста ќе ви биде поблескав од сé што се сервира на И...
Која свекрва никогаш нема да ве смета за доволно добра за синот, според хороскопот? Скорпија: Тие ги сакаат премногу своите синови, па таа длабока љубов во нив чест...
На што да обрнете внимание (и да промените) пред 2025-та, според хороскопскиот знак? Риби, размислете за вашите соништа. Дали сте презеле нешто во врска со нив или ц...
Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот? Близнаци - не сакате да признаете, но секогаш потајно стравувате дека нема да би...
Суров хороскоп: 7 грешки заради кои љубовните врски не ви успеваат, според знакот Лавови - арогантни сте, многу повеќе отколку што е потребно и човечки, Ваги - се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg