Летен викенд според хороскопот

За некои летувањето сеуште не започнало, додека други веќе го „испукале“ својот годишен одмор, но тоа не значи дека по некој викенд не можат да побегнат на одмор од соништата. Секој од нас има посебни желби и нешто во што ужива.

vasiot-idealen-leten-vikend-spored-horoskopot-01.jpg

Иако хороскопот по некогаш и не е баш најточен кога зборуваме за нашиот интерес и карактер, во повеќето случаи погодува во што уживаме.

Сакате ли да откриете како за вашиот хороскопски знак или за знакот на вашиот партнер изгледа идеален викенд?

На Рибите само ветете им дека ќе бидат во близина на вода и сте ги „купиле“. Тие ги обожуваат сите видови на активности поврзани со езеро и море, а кога зборуваме за солена вода, нуркањето им е најомилен хоби, или пак за тоа мечтаат. Ако не може покрај вода, ќе уживаат и во кино вечери во двојка гледајќи филмови со морска тематика и убаво јадење.

За Овните тоа е викенд украден од сценариото на Џемс Бонд, мото трка, скокање со падобран или возење со скутер по море. Не е важно што, важно е да има акција и да не е досадно ниту еден миг и се разбира нашиот Овен да е главен протагонист.

Бикот сака мирен викенд, со сликање покрај езеро, романтични вечери, а сето тоа проследено со обилни ручеци, вечери и виолина на уво. Тие со подлабок џеб ќе се почестат со луксузни патувања, крстосување all inclusive им звучи преубаво.

За Ракот нема вистинско уживање без собирање на семејството и пријателите, барем на неделен ручек, ако не и во посета на родното место за да се релаксираат со пеењето на птиците, мирисот на природата и домашната храна. А, ако пропадне се, ќе ги повикаат пријателите на скара или само на дружење на тераса со освежителен пијалак и тивка музика.

Девицата посакува некаков wellness викенд на кој конечно ќе се одмори од напорната недела. Под вештите раце на масерот во миризливи купки и со лековита кал ќе заборави на сите грижи и ќе го одмори духот и телото.

Каков викенд посакуваат останатите знаци, откријте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Најлошите карактеристики на секоја мајка, според хороскопскиот знак Кога мајката Вага ќе реши дека детето треба да направи нешто, таа нема да го сме...
Најубавото изненадување што ве чека до крајот на годината, според хороскопскиот знак Риби, ќе ја тргнете најголемата пречка до среќата во вашиот живот. Односно, ќе с...
Кој е вашиот најсреќен ден во 2024 година, според хороскопскиот знак? Оваа година ситуацијата ќе биде подобра во однос на вашиот љубовен живот, особен...
Што да правите во зима за да се чувствувате посреќни, според хороскопскиот знак? Бикови, размислете што можете да промените во домот - дали можеби ќе ставите нек...
Часот на раѓање ги открива вашите скриени таленти: Дали сте предодредени за лидер или за ѕвезда? Ако сте родени од 08 до 10 часот, вие сте голем љубител на самотијата и не ви се...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg