Годишен хороскоп за 2022: Овен
2022 година ќе биде значајна за Овните. Годината ќе биде исполнета со изненадувања во љубовта, но и со неочекувани финансиски добивки.
Среќата ќе им биде наклонета на Овните во 2022 и ќе им донесе безбројни можности во љубовта, но и кариерата.
Идеални месеци за инвестиции се пролетните – март, април и мај, а препорачани месеци за брак или сериозна врска се мај, август и септември.
Во 2022 ќе имате многу енергија и ќе станете поголеми авантуристи, а патувањата дефинитивно се на агенда.
Работа и финансии
Во текот на 2022 може да очекувате река од финансиски приливи од стипендии, хонорарни договори, проекти, дивиденди…
Постои шанса голем дел од овие пари да не ви дојдат како резултат на работа, туку да бидат од игри на среќа, подароци или наследство.
Ова им овозможува на Овните во 2022 да си создадат стабилна и долгорочна финансиска стабилност.
Парите кај повеќето ќе бидат искористени за исплаќање на долгови, кредити, но на повидок се и инвестиции и почеток на нови бизниси.
Сепак, имајте на ум дека овие приливи нема да течат со ист интензитет по 24-ти ноември, па направете што треба да се направи во претходните месеци.
Иако финансиите на сите им се приоритет, сепак за успех во работата се потребни мотивација, напорна работа, упорност, но и љубов кон работата за лична сатисфакција.
Колку повеќе Овните ќе внесат страст и ентузијазам во работата, толку поуспешни ќе бидат во 2022.
Се очекува Овните да бидат во динамична работна атмосфера со компетитивен дух, каде ќе имаат шанса да се борат за да се истакнат.
За оние кои изгубиле ориентација за насоката во која сакаат да ја одведат кариерата, 2022 ќе биде годината кога ќе им се отворат нови можности на Овните кон вистинските кариерни патеки. Се очекува да направат голема разлика на професионално поле.
Љубов
2022 година ќе биде година на љубовта за Овните како за слободните, така и за оние кои веќе пливаат во љубовните води.
Се очекуваат максимални шанси за слободни Овни да се вљубат.
Тоа би била ненадејна љубов родена во необични околности или со неочекувана личност, која можеби не е ваш тип, или пак, можеби сте ја познавале, а никогаш претходно не сте ја гледале на тој начин.
Огнот може да се разгори во секое време, но најголеми шанси за оваа љубов се предвидуваат околу месец мај, кога сè ќе биде во знакот на љубовта, а и август е месец во кој може да ја пронајдете сродната душа.
За оние кои веќе се во врска или брак, љубовниот живот во 2022 ќе цвета и нема ниту да ви падне на памет разделба или започнување нешто на страна.
Јануари можеби ќе започне бурно и интензивно, но бидете мудри и молчеливо запловете кон мирните води во наредните 11 месеци.
Кај многу Овни 2022 може да донесе принова или дискусии за деца, како плод на вашата љубов.
Родените во овој знак ги очекува богат љубовен живот, исполнет со страсти, посебно околу месец ноември.
Дозволете си во новата година да пробате нови и интересни искуства кои претходно сте ги избегнувале.
Во вас владее авантуристички дух, не го кријте – доживејте ја љубовта во полн сјај, без ограничувања.
Здравје
Премногу се вложувате во односи со луѓе кои можеби не ја заслужуваат вашата добрина, а ова трошење на енергијата на токсични луѓе во опкружувањето влијае лошо на менталното здравје.
Иако е полесно да се каже отколку да се направи, обидете се да се ставите себеси на прво место во 2022 и да се грижите за сопственото здравје наместо за туѓите потреби.
Генерално, здравјето во 2022 се очекува да биде добро, без посебни турбуленции и падови. Правете превентивни прегледи, зачувајте го добриот дух.
Во периодот од мај до октомври имате посебна заштита на полето на здравјето и ќе почувствувате подобрување и закрепнување од сите поситни проблеми, како главоболки и некои минливи тегоби во органите за варење, но ќе забележите и покачување на нивото на енергија.
фото: depositphotos.com