Скорпиите тргнуваат во напад – Како реагираат другите 11 хороскопски знаци на критики?
Вага
Се чини дека Вагата е знакот кој е најмалку погоден од критики. Таа ќе ја сврти секоја ситуација на шега и ќе се извлече со својот вроден шарм и харизма. Ќе се изнасмее и ќе си продолжи по патот.
Скорпија
Скорпијата воопшто не поднесува критики. Таа веднаш ќе прејде во директен напад за да се одбрани по секоја цена. Ќе се удри таму каде што најсилно било и со денови, па и недели, нема да заборави на забелешката и критиката.
Стрелец
Стрелецот, слично како и Вагата, има став дека животот е премногу краток за да се нервира за нечие туѓо мислење и забелешка. Критиките ги прифаќа на тој начин што веднаш го прекинува разговорот со зборовите: Навистина не ме интересира твоето мислење.
Јарец
Јарецот е многу таинствен по природа. Ќе ја сослуша критиката и ќе си замине без ниту еден збор. Во иднина, ќе ја избегнува личноста што ја дала критиката за него, но нема никогаш да прости ниту да заборави.
Водолија
За Водолијата, критиките се сосема нормален дел од животот, нешто што е неопходно за раст и развој. Таа одлично знае да прифати критика и да научи од грешките, но и самата е тежок критичар. За неа ова е дел од секојдневието.
Риби
И Рибите умеат да прифатат критика, да сослушаат, но и да научат нешто од забелешките. Тие се однесуваат прилично господски на оваа тема, не го губат трпението ниту нервите и секогаш се добро воспитани и умеат да сослушаат сечија критика и забелешка.
(О)Милена | Црнобело