Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој е 13-тиот хороскопски знак и какви се луѓето родени во него?

Корените на западната астрологија и утврдениот систем со 12 хороскопски знаци може да се следат до древна Месопотамија и Вавилон, а со откритието на 13-тото соѕвездие Змијоносец, тоа значи дека една група на луѓе припаѓаат на сосема нов хороскопски знак. Кои се тие?

misteriozni-i-tainstveni-kakvi-se-lugjeto-rodeni-vo-13-iot-horoskopski-znak-01.jpg

Откритието на 13-иот хороскопски знак познат како Ophiuchus или Змијоносец во голема мера ги збуни љубителите на астрологијата.

Дали откритието на новото соѕвездие значи дека луѓето што се родени во периодот од 29-ти ноември до 17-ти декември припаѓаат на овој хороскопски знак? Кои се карактеристиките на овие луѓе?

misteriozni-i-strastveni-kakvi-se-lugjeto-rodeni-vo-13-iot-horoskopski-znak-02.jpg

Новото соѕвездие беше откриено од страна на НАСА и тоа се наоѓа помеѓу соѕвездијата Скорпија и Стрелец, што, логично, би значело дека голем број припадници на овие хороскопски знаци, всушност припаѓаат на 13-иот хороскопски знак - Змијоносец.

misteriozni-i-strastveni-kakvi-se-lugjeto-rodeni-vo-13-iot-horoskopski-znak-03.jpg

По дебатата помеѓу астролозите, НАСА излезе со логично објаснување, во кое потенцираше дека Вавилонците кога ја креирале астрологијата намерно го изоставиле 13-тото соѕвездие и го креирале Зодијакот со 12 знаци за да соодветствува со 12-те месеци во годината.

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1283918088723935234%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftime.com%2F5867647%2Fnasa-zodiac-star%2F

Сепак, астролозите дошле до сопствени заклучоци за тоа какви особини имаат луѓето што се родени во хороскопскиот знак Змијоносец, па така ако сте родени во периодот од 29-ти ноември до 17-ти декември тогаш можеби би требало да ги покажувате овие карактеристики.

misteriozni-i-strastveni-kakvi-se-lugjeto-rodeni-vo-13-iot-horoskopski-znak-06.jpg

Со оглед на тоа што станува збор за релативно ново соѕвездие, астролозите се поделени во однос на карактеристиките на припадниците на овој хороскопски знак, а истите најчесто се изведуваат од митската заднина на името на соѕвездието.

Името на соѕвездието Ophiucus буквално се преведува Змијоносец, а се поврзува со митскиот Асклепиј кај дрвените Грци и симболизира човек што носи змии.

misteriozni-i-strastveni-kakvi-se-lugjeto-rodeni-vo-13-iot-horoskopski-znak-04.jpg

Змијоносците немаат свој спротивен хороскопски знак, од каде би можеле да се изведат нивните карактеристики, туку со оглед на тоа што се наоѓаат помеѓу Скорпиите и Стрелците се верува дека нивните карактеристики се изведени од оние на нивните „соседи“.

misteriozni-i-strastveni-kakvi-se-lugjeto-rodeni-vo-13-iot-horoskopski-znak-07.jpg

Станува збор за мистериозни и моќни луѓе што имаат особен шарм, слично на Скорпиите, а сличноста со Стрелците оди во насока што се верува дека се благословени со добра среќа и изострена смисла за хумор.

Тие се мошне страствени, но слично како Скорпиите се помалку љубоморни и таинствени, а подеднакво темпераментни и нескротливи како Стрелците.

misteriozni-i-strastveni-kakvi-se-lugjeto-rodeni-vo-13-iot-horoskopski-znak-05.gif

Се претпоставува дека Змијоносците често се интровертни луѓе што сакаат да бидат сами и се мошне креативни.

Сепак, како што може да се види, карактеристиките на овој хороскопски знак може подеднакво да одговараат и на Скорпиите и на Стрелците, па така сè додека Змијоносецот не биде во целост прифатен од Астрологијата нема потреба во целост да го отфрлате тоа што го знаете за себеси.

Сепак добро е да знаете зошто можеби не се однесувате како „чисти“ Скорпии или Стрелци. 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои 5 хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2025-та? Лавови - Во 2025-та ќе зрачите со некоја посебна магија и шарм од самото тоа што...
6 хороскопски знаци кои (најверојатно) ќе имаат богати партнери во животот Бик: Тие се познати по тоа што го ценат луксузот и комфорот, па природно им доаѓ...
Еден хороскопски знак кој важи за најлош во кревет (+зошто) Сексот со припадниците на овој хороскопски знак може да ви биде големо разочарув...
6 хороскопски знаци на кои често им е подобро сингл (+ зошто) Oвен: Сакаат спонтаност и лична слобода и не им е пријатно кога треба да прават ...
Хороскопски знаци кои ќе имаат успех во кариерата и љубовта до крајот на зимата 2025 Скорпија - Ненадејно ќе добиете деловна шанса што може да ви ја подобри финансис...
5 хороскопски знаци кои лесно може да ви го распарчат срцето (+ зошто) Јарец - Тие се фокусирани на своите амбиции и поради нив е можно да ги запостава...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg