Една причина зошто секој хороскопски знак одбива секс
Вага
Кога Вагите се во врска тие во целост се посветуваат на личноста со која се заедно. Тие вложуваат многу напор и ќе направат се за личноста што е со нив да биде среќна.
Доколку одбиваат секс, тоа најчесто може да значи дека на тој начин ги покажуваат сопствените стравови. Можеби сметаат дека партнерот e тој што не сака да биде интимен, ги одбегнува или не е заинтересиран.
Исто така, Вагите најчесто може да почнат да избегнуваат секс, доколку сметаат дека врската е при крај и дека се подготвени да побараат некој друг.
Скорпија
Скорпиите се најмистериозниот знак во Зодијакот, па така може да има повеќе причини зошто тие одбиваат да бидат интимни со партнерот.
Можеби сакаат да си „играат“ со партнерот. Тие сакаат целосно да ја имаат контролата во сопствените раце, па така со тоа што го одбиваат партнерот, се обидуваат повторно да станат доминантни.
Од друга страна, можно е и да ги потиснуваат емоциите и чувствата, затоа што сметаат дека задоволството од сексот може да им го наруши веќе воспоставениот баланс во животот.
Стрелец
Стрелците секогаш се подготвени за добра забава. Тие не се личности што сакаат да се врзуваат и да се посветат на партнерот, но дефинитивно уживаат во физичкото задоволство што доаѓа од тоа кога се со некого во врска.
Така, доколку Стрелецот одбива да има секс, тоа најверојатно значи дека има некои други проблеми во врската. Можеби сметаат дека врската повеќе не функционира или повеќе не се заинтересирани.
Тоа што одбиваат да бидат интимни, можеби е првиот знак дека бараат начин да избегаат од врската.
Јарец
За Јарецот најважна е работата. Работата има највисок приоритет и пред романтичните врски и пред сексот. За нив сексот служи за опуштање.
Многу е веројатно дека тие нема да бидат заинтересирани за секс додека не завршат сè што треба да направат и додека не ги завршат сите обврски.
Друга причина зошто Јарците избегнуваат секс е доколку немаат доверба во партнерот и чувствуваат дека се контролирани, тогаш најчесто се затвараат во себеси и одбиваат секаков вид на интимност.
Водолија
Кога мистериозните Водолии не се расположени за секс, најверојатно ќе ви навестат зошто е тоа така, но очекувајте дека ќе премолчат еден поголем дел од причините.
Можно е да се подготвуваат да дојде вистинскиот миг и да бидат во целост подготвени.
Доколку не се чувствуваат удобно да бидат интимни со партнерот, најверојатно се плашат од емотивна поврзаност.
Риби
Рибите се најромантичниот хороскопски знак во Зодијакот и ќе направат сè за доброто на врската. Тие може да бидат премногу загрижени дека врската нема да успее, па во обид да ја спасат истата ќе направат сè што е во нивна моќ за да ја спасат.
Тоа што одбиваат секс може да значи дека се обидуваат да преземат контрола во врската, што најверојатно ќе се случи доколку чувствуваат дека партнерот ги избегнува.
Тие се мошне емотивни, па така доколку партнерот кажал нешто со што ги навредил тие најверојатно ќе се повлечат во себеси.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com/freepik.com