Хороскопски знаци на кои пријателите им се поважни од партнерот
Пријателство или љубов? Што е приоритет?
Ако ги прашате астролозите, за овие 3 хороскопски знаци важи следното правило: врската може да трае кратко, а пријателството цел живот.
Затоа, приоритет имаат пријателите, па на второ место е партнерот.
За кого станува збор?
1. Стрелец
Стрелците го мразат чувството на ограниченост и врзаност за една личност, па затоа и повеќе ги сакаат пријателските односи, кои се послободни.
Кај Стрелците речиси никогаш не преовладува љубовта, туку забавата.
2. Вага
Колку и да се во рамнотежа со сите полиња во животот, сепак Вагите имаат поголема потреба за разновидни пријатели, отколку за еден партнер.
На овој знак во никој случај не смее да му се постави ултиматум или избор од типот „јас или пријателите?“ Секогаш се пријателите.
3. Водолија
Водолиите не сакаат да бираат и некој да добива предност, но ако се почувствуваат ограничени или спречени во нешто од страна на партнерот, секогаш утеха ќе побараат во пријателите.
Пријателствата се помалку комплицирани од врските и затоа Водолиите ги преферираат.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





