Кој хороскопски знак го бие глас дека е најтежок за врска?
Мора да признаете дека кога и да се запознаете со некој кој ви „фаќа око“ во топ 5-те прашања се наоѓа и прашањето: Што си во хороскоп?
Дури и да е на шега, сигурно ви е забавно да си размислите дали ѕвездите ви се поклопуваат.
Па, ако им веруваме на астролозите, постои еден хороскопски знак кој го бие глас дека е вистинска катастрофа, кога се работи за љубовни врски и заеднички живот.
Иако Рибите се сметаат за најголеми емотивци, животот во пар не им оди од рака.
Тие живеат во свет полн со фантазии, длабоки емоции и непрестанато размислување.
Поради големата несигурност често бираат партнери кои се комплетно спротивни од нив, па потоа чувствуваат дека им се огромен товар.
Поради тоа што бираат партнери кои не им се компатибилни, чувствуваат голема доза на несигурност и љубомора, па врските завршуваат неславно.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





