„Дволична си“ – Реченици со кои 100% ќе ги налутите хороскопските Близнаци
Ниту еден хороскопски знак не е толку комплексен како Близнаците.
Непредвидливи, динамични и љубопитни – Близнаците се мајстори во комуникација и со нив никогаш нема да ви пресушат темите за разговор.
Ваше е само да внимавате да не ги употребите следниве 4 реченици, за да не го разбудите „лошиот Близнак“ во нив:
1. „Дволичен/на си“
За нив се врзува митот дека се дволични и често се перципираат како човек кој едно ви кажува во лице, а прави друго во реалноста. Меѓутоа, не се работи за дволичност, туку за брзи промени во размислувањето.
Близнаците буквално во секунда може да го променат размислувањето и однесувањето, што на многумина им е незамисливо.
2. „Време е да станеш посериозен/а“
Друштвени, зборливи, духовити и шармантни, полни со енергија – Близнаците сакаат да живеаат со 100 на час и се плашат од рутината.
Не е ваше да им кажувате да се смират или „осериозат“, бидејќи не се несериозни, туку само сакаат да живеат различно секој ден.
3. „Премногу трачариш“
Близнаците веднаш ќе ви кажат дека тоа не е озборување, туку разговор, споделување на информации. И во право се.
Секогаш се сведоци на забавни случки кои кога ќе седнете на кафе – очекувано е да ви ги раскажат.
4. „Фокусирај се на една работа“
Со оваа реченица го погодувате Близнакот во слаба точка. Тие веруваат дека се сјајни во мултитаскинг и можат да „седат на повеќе столчиња истовремено.“
Вистина е дека работите бргу им досадуваат, па сакаат да имаат повеќе опции отворено.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





