Кога Меркур е ретрограден сè оди наопаку, а Супер крвавата Месечина ќе предизвика раскинувања – кои хороскопски знаци се на удар периодов?
На небото, во астролошка смисла се случува троен феномен: Меркур е ретрограден, Месечината е полна и поблиску до Земјата, а ќе има и затемнување. Што значи тоа за хороскопските знаци?
Кај оние што се занимаваат со астрологија, фразата „Меркур е ретрограден“ има посебно значење – тоа значи дека сè што може да тргне наопаку - ќе тргне.
Во моментов Меркур навистина е во ретроградна фаза, а вечерва (26.05.2021) очекуваме нова супермесечина и целосно помрачување на Месечината.
Кога Месечината е поблиску до Земјата, таа ни изгледа поголема од вообичаено и се нарекува супермесечина. Супермесечините се ретки, (иако годинава имаме две - претходната беше на 16. 05), а уште поретко е овој феномен да биде проследен и со затемнување на Месечината, па затоа оваа појава и се нарекува супер крвава Месечина.
Меркур годинава ќе биде во целост ретрограден во периодот од 29 ти мај до 22 јуни и од 27 ми септември до 17-ти октомври, а за време на крвавата супермесечина Меркур има ретроградни аспекти што негативно влијаат врз хороскопските знаци.
Што означуваат овие три појави во хороскопот?
Ретроградниот Меркур во основа се поврзува со недоразбирања или со пречки во комуникацијата и во врските, како и со проблеми со технологијата.
Со оглед на тоа што Месечината во астрологијата ја има улогата на „емотивен компас“, односно, ги отсликува емоциите и интуицијата, тоа што ќе имаме полна Месечина значи дека овие теми ќе бидат дополнително нагласени. Но, што се случува кога на полната Месечина ќе се додаде и префиксот „супер“?
Сигурно веќе сте слушнале дека постои верување дека полните Месечини во основа имаат влијание врз однесувањето на луѓето и тоа во негативна конотација, односно дека влијаат лошо врз нашето однесување.
Според астролозите пак, полните Месечини означуваат ослободување од потиснатите емоции, стресот и траумите. Ако додадеме и целосно затемнување на Месечината – појава во која Земјата се наоѓа помеѓу Сонцето и Месечината и фрла сенка врз природниот сателит – сите тие емоции и нашата внатрешна борба може да предизвикаат големи и драматични промени, но и кризи.
Кои хороскопски знаци најсилно ќе ги почувствуваат влијанијата?
Ретроградниот Меркур, супермесечината и затемнувањето на Месечината, според астролозите, ќе предизвикаат зголемен излив на емоции кај сите хороскопски знаци, а ова особено ќе се одрази кај припадниците што се родени во знакот на Овен, Лав и Стрелец.
Имено, ако се земе во предвид дека Супер Крвавата Месечина ќе биде во знакот на Стрелец, тогаш е јасно дека ова ќе биде особено тежок период за трите огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец.
Според австралискиот астролог Роуз Смит ова е период кога треба да внимаваме доста на сопствените емоции.
„Полните Месечини вообичаено ги „збудалуваат“ луѓето, но можеме да очекуваме луѓето да прават и поекстремни работи од вообичаено, а ова се врзува со насобраната емотивна напнатост.
Луѓето треба да се обидат да се ослободат од напнатоста во овој период на начин што е здрав, да се соочат со чувствата, а не да ги негираат. Особено, ова се однесува за жените, затоа што ние најчесто ги скриваме емоциите и бараме изговори за другите луѓе“ – вели таа за News.com.au.
Дополнително на тоа ќе влијае и природата на огнените знаци коишто се одликуваат како хороскопски знаци со силни емоции. Владетел на Стрелецот е Јупитер, а Јупитер сака да биде слободен, да расте, да истражува и нема да дозволи ништо да му застане на патот.
„Ќе има голем притисок за претставниците на знакот Стрелец да се ослободат од токсичните ситуации и врски. Ќе има голем број раскинувања во овој период, сите знаци ќе бидат под влијание, но најизразено ќе биде кај огнените знаци“ - вели таа.
Од друга страна, пак, овој феномен за водените знаци ќе донесе поголема балансираност во животот. За некои припадници на знаците Риби, Скорпија и Рак овие појави на небото ќе предизвикаат поголема инспирација.
Инаку, целосното помрачување на Месечината ќе биде прво целосно помрачување од јануари 2019-тата. За жал, овој феномен нема да биде видлив на небото над Македонија, а ќе може да го видат оние што живеат во Австралија, Азија и во делови од САД.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





